Кипарскиот Град на духови ќе заживее по половина век

Владата на Северен Кипар соопшти дека наскоро ќе го отвори напуштениот град Вароша кој некогаш бил популарно туристичко место, а стана Град на духови по турската воена инвазија на островот пред неколку децении.

Вароша (грчки: Βαρώσια) или Мараш (турски: Maraş, некогаш се среќава и како Kapalı Maraş) е сместен во јужниот дел на крајбрежната месност Фамагуста (на турски Газимагуса) на островот Кипар. Пред Турската инвазија на Кипар во 1974, Вароша била модерна туристичка населба во градот и имала околу 39.000. По инвазијата сите мештани пребегнале и населбата останала напуштена и под контрола на Турските вооружени сили.

Кипар во 1974 година беше поделен на два дела меѓу Турција и Грција. Оттогаш Вароша е „ничија земја“, иако де факто е дел од самопрогласената Турска Република Северен Кипар. Влезот во овој град кој некогаш привлекувал туристи од целиот свет, е забранет речиси половина век.

Премиерот на Северен Кипар, Ерсин Татар, ги соопшти плановите за одново отворање на градот кој некогаш имал сместувачки капацитети од 12.000 хотелски соби.

„Во моментов сме многу блиску до реализирање на плановите за одново отворање на градот“, рече Татар.

Плажата Фамагуста полна со капачи, морнари и полицајци на должност за одржување на редот, во 1970 година

Тој додаде дека мора да се донесат дополнителни прописи и дека можно е одложување на плановите бидејќи следат избори. Татар сепак останува оптимист.

„По мое мислење, сѐ е подготвено. Климата се смени и свртивме нова страница. Овој град му припаѓа на Северен Кипар и никој не може да ни го земе“, рече тој.

Татар не кажа конкретен датум за отворањето на Вароша.

Remote video URL
Remote video URL
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Чек дис аут

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Read more

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Read more
Четири типа на пријатели

Четири типа на пријатели кои сите ги имаме

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more
 

Магазин

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Читај повеќе

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Читај повеќе