Живот

Кира Најтли: Мајчинството е привилегија, но одгледувањето дете е тешко

12. јануари 2019 - 15:39 | Б.С.Б.

Познатата актерка Кира Најтли проговори отворено за мајчинството, истакнувајќи колку е тешко да се биде мајка и да се одгледа дете. Таа стана мајка пред 3 години, кога ја роди ќеркичката Еди.

Актерката ја толкува главната улога во филмот „Colette“, снимен по истоимената приказна за Французинката Сидони Габриел Колет, која напишала роман што станал бестселер.

„Живееме во свет во кој доминираат мажите и чувствувам дека имам одговорност да помогнам во создавањето на свет во кој мажите и жените ќе бидат еднакви“, изјави Најтли.

По тој повод, 33-годишната мајка истакна дека е привилегија да се биде мајка, но одгледувањето дете воопшто не е лесно.

„Мислам дека жените не се доволно почитувани поради физичкиот и менталниот маратон низ кој минуваат кога ќе станат мајки. Доаѓам од земја во која мајките се прилично привилегирани. Имам поддршка од системот, градам кариера и можам да си дозволам некој да ми го чува детето, а сепак ми е тешко. Во ред е да се каже и признае ова, во ред е да се признае дека мајките секојдневно се борат со недостаток на сон, минуваат низ хормонални промени и се соочуваат со разни други проблеми“, истакна актерката.

Коментирај