Филм & ТВ

Кира Најтли се враќа во новиот „Pirates of the Caribbean“ филм

20. април 2017 - 14:44 | Б.С.Б.

И покрај претходните негирања дека се враќа во петтиот дел на „Pirates of the Caribbean“, Кира Најтли е повторно во акција.

Актерката се појави во новиот интернационален трејлер за „Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales“. Нејзиното враќање значи повторно обединување со Орландо Блум и Џони Деп во филмот.

Премиерата е закажана за 26 мај.

Коментирај