Кире и Борко го прегазија Исланд

Ракометната репрезентација на Македонија го победи Исланд 30:25 (15:13) во третото квалификациско коло, во Групата 4 за пласман на Европското првенство. Македонија по три одиграни натпревари има две победи и еден пораз, колку што има и Украина, а Исланд и Чешка имаат по една победа и два порази.

Раул Гонзалес во само неколку дена успеа да имплементира дел од својата ракометна филозофија во играта на македонската репрезентација.

Иако, македонските играчи бавно го започнаа натпреварот, му дозволија на Исланд да поведе со 0:2 во првите 2 минути, многу бргу Ристовски, Талески и Лазаров, направија пресврт и во 7. минута Македонија водеше 4:2.

Во овој период капитенот Лазаров и Талески постигнаа по два гола, а повратникот на голот на репрезентацијата Ристовски имаше четири одбрани.

Тактичко изнендување за Исланѓаните беше и тоа што Кире Лазаров играше во двата правци, а поради тоа Митков започна на позицијата десно крило наместо стандардниот Георгиевски.

Блескаво првото полувреме имаше капитенот Лазаров, кој постигна осум голови со 100 настотна реализиација, додека Ристовски имаше шест одбрани.

Исланд го предводеше ветеранот Сигурдсон со пет голови.

Македонија до победата ја предводеа капитенот Лазаров со 10, односно Талески со пет голови и Ристовски со 12 одбрани.

Овие две репрезентации ќе го одиграат реваншот во Рејкјавик  во недела во 19:45 часот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе