Тенис

Кирјос го навреди судијата и искрши два рекета на мечот со Хачанов

15. август 2019 - 9:50 | МИА
Синсинати, 15 август 2019 (МИА) – Австралискиот тенисер Ник Кирјос продолжува со контроверзното однесување. Тој изутринава на мечот со Русинот Хачанов, скрши два рекета.

Австралиецот загуби со 1-2, по сетови 7:6, 6:7 и 2:6 и вообичаено за него емотивно реагираше на многуте негови грешки.

Во интервалот помеѓу вториот и третиот сет, Кирјос влезе во подтрибинскиот простор каде скрши два рекета. За ова тој беше казнет со еден бод.

По мечот, Австралиецот негодуваше кон судијата и плукна во негов правец. Тој се караше со судијата и му рече дека е најлош во светот. Причина за тоа беше опомената дека премногу време одзема меѓу сервисите.

„Тоа е урнебесно! Колку  траат паузите на Надал? Покажете ми снимки на кои тој го почитува времето и ќе се повлечам од тенисот. Која игра ја игра? Му требаат минимум 20 секунди да се подготви за сервис. Ова е смешно“, изјави бесниот Кирјос.

За овие инциденти, Кирјос го очекува нова казна од надлежните во тенискиот спорт. 

Коментирај