Кирјос објави крај на кариерата: Останаа само уште неколку поглавја

Австралискиот тенисер Ник Кирјос наскоро би можел да ја заврши професионалната кариера, барем ако може да се верува на неговата објава на социјалните мрежи.

Кирјос објави црно-бела слика од себе заедно со неколку фотографии со Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Венус Вилијамс со интересен опис.

„Тенис... Проклетство... Беше лудо патување!!!! Сѐ почна поради вас. Засекогаш сум ви благодарен. Ги сакам сите мои фанови. Има само уште неколку поглавја останато...“

Истиот ден Австралиецот објави дека планира да игра на Австралија опен во јануари 2025 година, а многумина протолкуваа дека кариерата ќе ја заврши по турнирот во Мелбурн.

Беше најавено и дека 29-годишниот најверојатно ќе одигра неколку турнири пред Грен слем во својата татковина, за да биде максимално подготвен за Австралија опен.

Најдобар пласман во кариерата Кирјос забележа во 2016 година кога го држеше 13. место на АТП листата. Вкупно освои 7 титули, но се верува дека не го искористил целиот талент што го поседува.

Тагови
реклама

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Тенис

Ѓоковиќ поразен на стартот од Монте Карло

Read more

Навредливи графити кон Ѓоковиќ се појавија низ Србија

Read more

Нов шок во тенисот: Тенисери и тенисерки им се заканија на грен слем турнирите

Read more

Чешки тинејџер го сопре Ѓоковиќ на патот кон 100-тата титула во кариерата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Жрепката се насмевна: Алкалоид прво ќе гостува, пехарот во ЕХФ купот ќе се додели во Скопје

Читај повеќе

Мистериозна поврзаност: Кога умира папа, Лигата на шампиони ја освојува англиски тим

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен УФЦ шампион го „скрши“ јутјуберот Френки Си

Читај повеќе

Ламин Јамал има само 17 години, а веќе постигна многу во кариерата

Читај повеќе

Модриќ и Ридигер се степале во соблекувалната

Читај повеќе

Арсенал вечерва е домаќин на ПСЖ во првиот чин од спектаклот во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами доживеа најголема плејоф брука во историјата на НБА

Читај повеќе

Интер без Павар против Барселона

Читај повеќе

L’Equipe: Реал се однесува како разгалено дете

Читај повеќе