Ник Кирјос ноќеска на натпреварот против домашниот тенисер Томи Пол на АТП Вашингтон имаше непријатна ситуација откако со топчето погоди една баба.

Тој сосема случајно со топката ја удри бабичката во публиката по лице, а кога сфати што направил отиде да ѝ се извини, па ѝ подари и пешкир.
Инаку, Кирјос го победи Пол со 2:0, или 6-3 и 6-4 по сетови. Сега во осминафиналето ќе игра против уште еден Американец, Рајли Опелка.
На австралискиот тенисер во Вашингтон му тргна со публиката, откако во претходното коло играјќи против домашниот тенисер Маркос Гирон се консултираше со една девојка во публиката каде да сервира. Првиот обид не му успеа, но потоа освои поен.