Тенис

Кирјос повторно кобен за Ѓоковиќ, Федерер го доби дербито со Надал

16. март 2017 - 9:44 | Макфакс

Роџер Федерер ќе игра во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, откако славеше во тениското дерби против Рафаел Надал. Првиот Мастерс во сезоната ќе добие нов шампион, бидејќи победникот во последните три сезони, Новак Ѓоковиќ, во четвртфиналето загуби од Ник Кирјос.

Швајцарецот Роџер Федерер, во реприза на финалето на Аустралијан Опен, лесно се справи со Рафа Надал и победи во два сета 6:2, 6:3 за само 68 минути игра.

Противник на Швајцарецот во полуфиналето ќе му биде Австралиецот Ник Кирјос кој го елиминира бранителот на трофејот Новак Ѓоковиќ. За речиси два часа игра Кирјос славеше со 6:4, 7:6. Кирјос во краток период два пати успеа да го победи Ѓоковиќ. Австралиецот пред 12 дена славеше во Акапулко.

Сервисот на Австралиецот беше клучен фактор во овој меч, тој загуби само шест поени на својот прв сервис, а во исто време на човекот кој го има најдобриот ритерн во историјата на тенисот не му дозволи ниту една брејк топка.

Пласман меѓу најдобрите осум на Мастерсот во Индијан Велс изборија уште и третиот носител Стан Вавринка, потоа Доминик Тим и Кеи Нишикори кој немаше проблеми со Јанг и победи во два сета, додека Џек Сок по голема борба го совлада Тунижанецот Јазири 4:6, 7:6, 7:5.

Коментирај