Филм & ТВ

Кирк Даглас го остави целото богатство во хуманитарни цели

25. февруари 2020 - 9:56 | А.С.

Славниот актер Кирк Даглас кој почина неодамна на 103 години, богатството вредно повеќе од 60 милиони долари не го остави на членовите на семејството, туку го донираше во добротворни цели.

Кирк не му остави пари на синот Мајкл, исто така холивудска ѕвезда, чие богатство се проценува на 300 милиои долари.

Кирк Даглас, кој во текот на својот долг и плоден живот беше познат како голем хуманитарец, а така и ќе остане запаметен.

Од неговото наследство, 50 милиони долари ќе бидат распределени за активности на Фондацијата Даглас што ја основаа Кирк и неговата сопруга Ен, со назнака „да им се помогне на оние кои не можат да си помогнат самите“.

Пари ќе добијат и Универзитетот Сент Лоренс за стипендии за талентирани студенти од сиромашни семејства, Храмот Синај во Вествуд, како и Детската болница во Лос Анџелес.

Коментирај