Кислородот ќе исчезне пред водата - крај на Земјата каква што ја знаеме

Земјата не била секогаш планета богата со кислород и животот што цвета благодарение на него.

Во новата студија објавена во списанието Nature Geoscience, научниците предвидуваат дека нивото на кислород ќе почне да опаѓа во одреден момент во иднината, така што нашата планета повторно ќе стане богата со метан и сиромашна со кислород, како што било во далечното минато, порано големата оксидација (GOE) која се случила пред 2,4 милијарди години.

Ова најверојатно нема да се случи во следните милијарда години. Но, кога промената ќе дјде, ќе се случи прилично брзо.

Во својата студија, научниците истакнуваат дека состојбата на планетите кои се богати со кислород генерално не е стабилна, што, меѓу другото, има импликации во потрагата по вонземски живот.

„Моделот предвидува дека атмосферската деоксигенација, при што атмосферскиот О2 нагло паѓа на нивоа што потсетуваат на архаичната Земја, најверојатно ќе биде активирана пред почетокот на влажните услови на стаклена градина во климатскиот систем на Земјата и пред големото губење на површинските води од атмосферата“, напишаа истражувачите напишаа во резимето на научниот труд.

Кислородот ќе исчезне пред водата

Тоа ќе биде крајот за човечките суштества и повеќето други форми на живот што се потпираат на кислород за да преживеат, па затоа треба да се надеваме дека во следните милијарди години ќе научиме како да колонизираме и евентуално да направиме трансформација на други планети.

За да дојдат до заклучоците, истражувачите спроведоа детални модели на биосферата на Земјата, земајќи ги предвид промените во светлината на Сонцето и соодветниот пад на нивото на јаглерод диоксид, бидејќи тој гас се распаѓа со зголемување на температурата. Помалку јаглерод диоксид значи помалку организми кои имаат способност да се фотосинтезираат, како што се растенијата, што пак резултира со помалку кислород што го произведуваат за време на фотосинтезата.

Научниците претходно предвидуваа дека зголеменото сончево зрачење ќе ја испари водата од океаните на Земјата во рок од околу 2 милијарди години, меѓутоа, новиот модел - базиран на нешто помалку од 400.000 симулации - покажува дека намалувањето на нивото на кислород ќе биде првото што ќе ги убие повеќето животински форми.

„Падот на нивото на кислород е многу, многу екстремен“, рече Крис Рајнхард од Технолошкиот институт во Џорџија за New Scientist.

„Зборуваме за милион пати помалку кислород отколку што има денес.“

Вонземски живот треба да се бара врз основа на разни биосигнали

Оваа студија е особено релевантна денес поради напорите на научниците да откријат вонземски живот. Сѐ повеќе моќни телескопи ги објавуваат своите податоци на интернет, а научниците сакаат да знаат што да бараат со нив.

Можно е да бараме други биосигнали освен кислород за да имаме најдобри шанси да забележиме живот, велат истражувачите.

Нивната студија е дел од проектот на НАСА NExSS (Nexus for Exoplanet System Science), кој ја истражува можноста за живеење на други планети.

Според пресметките на Рајнхард и научникот за животна средина Казуми Озаки од Универзитетот Тохо во Јапонија, периодот на населивата Земја богат со кислород можно е да зафаќа само 20 до 30 проценти од вкупниот животен век на планетата, додека микробниот живот може да продолжи долго откако ние ќе исчезнеме од Земјата.

„Атмосферата по високата деоксигенација се карактеризира со зголемено ниво на метан, ниско ниво на СО2 и отсуство на озонска обвивка“, рече Озаки.

„Системот на Земјата најверојатно ќе биде свет на анаеробни форми на живот“, додаде тој.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе