СЕРИЈА А 2020/21

Кјелини: Бевме инфериорни, Интер ја заслужи победата

Одбранбениот ветеран на Јуве ја признава инфериорноста на неговиот тим во синоќешниот пораз во Дерби д'Италија од страна на Интер.

Џорџо Кјелини вели дека Јувентус бил тотално надигран од Интер, но е убеден дека актуелниот шампион не ја изгубил својата препознатлива победничка искра. Синоќа со 2:0 „Старата дама“ падна во Милано за втор пораз сезонава во Серија А.

„Има периоди кога мора да сте скромни и да им ја препуштите топката на противниците, но нашиот проблем беше кога ние ја имавме топката, направивме многу грешки и постојано им ја враќавме или не наоѓавме решение“, почнува Кјелини зборувајќи за Sky Sport Italia.

„Бевме надиграни во секој дел од теренот, премногу ја гњавевме топката, а ја движевме споро, направивме премноги грешки“.

„Можете да направите колку сакате подготовки и тест натпревари, но сѐ се врти околу тоа на крајот што ќе покажете на терен. А таму ние не добивме ниту еден дуел, Интер повеќе ја посакуваше и ја заслужи победата“, поризнава Џорџо.

Јувентус можеби го загуби најголемото италијанско дерби, но претходното коло, пак, славеше кај лидерот Милан, па оттаму и не може да се отпише од борбата за Скудетото. Уште е рано бидејќи ни полусезоната не е помината, иако Јуве заостанува -7 од Интер и Милан, а Милан вечерва ќе го одигра својот натпревар од ова 18-то коло, што значи дека може и да ја зголеми разликата.

„Ова е удар за нас, но не смее да биде нокаут бидејќи имаме време на надоместиме, сезоната е долга, почнувајќи од среда против Наполи во Суперкупот. За среќа, играме пак за три дена, па можеме ова да го оставиме зад нас и да се фокусираме на освојувањето на првиот трофеј сезонава“.

Во среда Јувентус и Наполи ќе го одиграат италијанскиот Суперкуп. Натпреварот ќе се игра на „Мапеи“ стадионот во Реџо Емилија со почеток од 21 часот. Но, не сите гледаат со позитива кој Јувен за овој дуел, особено што за многумина тимот ја изгубил победничката искра под водство на неискусниот Андреа Пирло.

„Имавме неколку моменти на искра сезонава, како на пример во Барселона. Победивме четири тешки натпревари, но тешко се анализираат настапи како овој бидејќи имаше голема разлика помеѓу двата тима. Не може да се зборува за тактика и системи кога сте толку инфериорни на терен. Годините минуваат, на секој начин се обидуваме да ја продолжиме оваа наша ера, а 10-то Скудето би било навистина неверојатно“, алудира на фактот што Јуве има 9 титули по ред и ја брка десеттата.

„Сепак, не е лесно. На двапати се изгубивме и плативме со порази од Фиорентина и Интер“, заврши тој.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Фудбал

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Read more

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Read more
 

Спорт

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе