Кјелини: Будала бев што го одбив Арсенал

Италијанскиот дефанзивец одамна имал шанса да се пресели во Премиер лигата, но ја одбил понудата од Арсенал за да остане во татковината.

Легендата на Јувентус и на италијанската репрезентација, немилосрдниот централен бек Џорџо Кјелини, открива дека жали што ја пропуштил шансата да замине во Арсенал.

Ваква понуда добил уште кога имал само 16 години, а го барале на иницијатива на Арсен Венгер. Тогаш Кјелини бил дел од Ливорно, клубот од неговото детство каде и ја почнал кариетата уште на 6-годишна возраст, иако е роден во познатата Пиза.

„Гледано од денешна гледна точка, бев будала што ја одбив понудата на Арсенал. Имав 16 години, играв во Серија Чи, тоа беше голема шанса. Не се чувствував подготвен за таков чекор. Доколку ја прифатен понудата, ќе оставев впечаток дека му вртам грб на Ливорно“, вели Кјелини за француското списание So Foot.

Само што наполни 16 години, летото 2000 година, Кјелини и дебитираше за сениорскиот тим на Ливорно кој тогаш беше заглавен во третата лига, односно Серија Чи 1. Таа сезона одигра 3 лигашки натпревари, како и еден во Копа Италија. Јувентус го купи летото 2004, но половина од сопственоста ѝ продаде на Форентина со која Џорџо дебитираше во Серија А таа сезона. Одигра одлично, па Јуве веднаш си ја поправи грешката и го откупи целосно. Оттогаш е во Торино.

Неодамна Робин ван Перси откри дека додека играл за Арсенал во времето на Венгер му сугерирал на францускиот стратег да проба уште еднаш да го донесе Кјелини на Островот.

„Во еден момент бев повикан да кажам што според мене треба Арсенал да направи за да ја освои Премиер лигата. Чувствував дека немавме победнички менталитет и го советував Венгер да го донесе Џорџо Кјелини. Имам играно против него неколку пати, тој е роден победник. Го видовте како играше против Холандија скоро“, рече тогаш Ван Перси за YouTube каналот на Кај Хорхелс.

Кјелини стартува над Ван Перси

„Сега има 36 години, но и натаму дава по едно 9 лакти секоја утакмица и тоа со насмевка на лицето. Ќе продолжи да се смешка и никогаш нема да добие жолт картон. Такви победници и касапи сакате да имате во вашата екипа. Тогаш бев убеден дека можевме да го донесеме“.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more
 

Спорт

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе