УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Кјелини: Да не ги повториме грешките од минатото

Капитенот на Јуве апелира до соиграчите да не ги повторуваат грешките од минатото кои „Старата дама“ цело време ја оддалечуваа од пехарот кој никако да го освои.

Вечерва и утре продолжува Лигата на шампиони, а еден од утрешните два натпревара е и гостувањетро на Јувентус кај португалскиот шампион Порто.

Бедемот во одбраната, капитенот Џорџо Кјелини, вели дека саботниот пораз од Наполи не ја нарушил атмосферата во тимот кој утре ќе бара позитивен резултат во Португалија.

„Доаѓаме после еден многу позитивен период. Саботниот пораз не нѐ боли, потребен ни е баланс, двете натпреварувања мора да останат одделени. Се бориме на сите фронта, сега почнува Лигата на шампионите и тука сме полни со ентузијазам“, рече тој на денешната официјална прес-конференција.

„Но, свесни сме дека нема да ни биде лесно. Тие се тим кој се брани добро и прима малку голови. Имаат особен квалитет на латералните позиции, како и во нападот. Физички се силни и мора да ги сфатиме сериозно“.

Кјелини е дел од одбраната во која четворица квалитетни бекови конкурираат за двете централни позиции.

„Ние сме четворица централни дефанзивци и сме доста силни, сите со различни карактеристики. Но, тоа е работа за тренерот, а наше е секогаш да сме на готовс. Мораме да бидеме свесни дека двајца од четворицата ќе бидат на клупата. Последниве месеци се ротиравме, но секогаш атмосферата беше одлична“, додаде тој.

Јувентус секоја година атакува на титулата во Лигата на шампионите, но никако да стигне до неа. Во 2015 и 2017 беше најблиску, но потфрлуваше во финалето.

„Мора да избегнеме да ги правиме грешките кои ги повторувавме изминативе години бидејќи скапо нѐ чинеа. Утрешниот натпревар ќе биде полн со емоции, сличен како оној со Интер во Копа Италија. Но, Лигата на шампионите е потешка бидејќи противниците ни се помалку познати“.

Натпреварот се игра игра со почеток од 20:45 часот на „Драгау“ стадионот во Порто, а ќе го суди шпанскиот арбитар Карлос дел Серо.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе