Свет

Ќерка на украински тајкун усмрти петорица

19. октомври 2017 - 15:39 | Макфакс

Дваесетгодишната Олена Зајцева, ќерка на украинскиот тајкун Василиј Зајцев, усмрти пет лица на тротоар откако поминала на црвено светло.

Сообраќајната несреќа се случила во Харков. Ќерката на сопственикот на локална енергетска компанија со џип „Лексус“ најпрво удрила во „Туарег“, а од силината на ударот се превртела и покосила група луѓе што се движеле на тротоар.

Олена поминала без повреди. Меѓу загинатите е и 15-годишно девојче, а тешко повредена е една бремена жена.

 

 

Како што пишуваат локалните медиуми, на местото на несреќата веднаш пристигнало лично обезбедување кое ја штитело Олена од гневните очевидци.

На Олена ѝ се заканува затворска казна од 10 години, но во јавноста во Украина се шпекулира дека поради врските на нејзиниот богат татко таа ќе биде ослободена иако поминала на црвено светло.

Коментирај