Стил

Ќерката на Антонио Бандерас порасна во вистинска убавица

6. ноември 2019 - 12:12 | Б.С.Б.

На годинешното доделување на Hollywood Film Awards, актерот Антонио Бандерас доби награда за најдобар актер. На црвениот килим актерот се појави во друштво на 23-годишната ќерка Стела.

Обожавателите на Бандерас ги изненади фактот што во меѓувреме таа пораснала во вистинска убавица, а социјалните мрежи се преполни со комплименти за нејзиниот изглед.

23-годишната Стела се појави облечена со плишен комбинезон во црвена боја, со длабок изрез кој ѝ дава секси изглед, дополнет со модни додатоци во иста боја.

Бандерас ја доби наградата за неговата улога во „Pain & Glory“, филм на Педро Алмодовар. На црвениот килим, покрај ќерката, со него присуствуваа неговата паштерка Дакота Џонсон, чија мајка Мелани Грифит беше во брак со Бандерас од 1996 година до 2015 година.

По церемонијата, 59-годишниот актер позираше со ќерката и со неговата сегашна партнерка Никол Кемпел.

Други добитници на награди беа Шарлиз Терон, Рене Зелвегер, Ал Пачино и Лора Дерн.

Коментирај