Живот

Ќерката на Хајди Клум конечно го запозна нејзиниот биолошки татко

12. август 2018 - 15:24 | К.З.

Биолошкиот татко на најстарото дете на моделот Хајди Клум, Лени, не беше дел од нејзиниот живот со години, но сето тоа се промени со нивната средба во Италија. Се работи за италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе, кој ја напушти Хајди Клум во 2004 година, пред Лени да биде родена.

Лени Клум беше посвоена и одгледана од страна на поранешниот маж на Хајди, пејачот Сил.

Хајди и Флавио тврдеа дека Италијанецот нема никакво влијание во животот на Лени, но изгледа дека во меѓувреме нешто се променило бидејќи тие се сретнаа во хотелот Кала ди Волпе во Италија, каде се запознаа и прегрнаа откако беа разделени со години.

Според италијанските медиуми, Хајди Клум беше во Италија заедно со целото семејство, вклучувајќи ги нејзините родители и трите деца кои ги има со Сил. Додека беа таму им се придружи и Флавио, кој беше забележан и како насамо разговара со Хајди.

Останува нејасно дали средбата беше договорена од претходно и дали Флавио Бријаторе ќе се гледа со Лени почесто.

Коментирај