Живот

Ќерката на славниот музичар: Татко ми е чудовиште

12. јануари 2019 - 16:38 | Б.С.Б.

По неодамнешното претставување на документарец за раперот Ар Кели и сексуалното злоставување на жени и девојчиња од негова страна, ќерката на музичарот објави порака на Instagram, во која изјави жалење за сите негови жртви.

Во долгата порака Буку Аби, нејзиното вистинско име е Џоен Кели, вели дека се чувствува страшно понижена откако ги дознала фактите од филмот „Survivng R Kellly“.

Нејзината реакција доаѓа помалку од 24 часа откако Лејди Гага соопшти дека сака нејзината  песна со Ар Кели, „Do What You Want“, да биде избришена од сите интернет сервиси.

Постојат бројни сведоштва за сексуални престапи на Ар Кели, но тој одрекува било каква поврзаност.

Во изјавата Буку вели дека таа, нејзините браќа и мајката со години не разговараат со Ар Кели и дека одамна немаат никакви контакти со него.

„Чудовиштето со кои сите се соочувате е мој татко. Добро знам кој е тој и што е тој. Израснав во таа куќа“, вели Буку Аби на Instagram.

Коментирај