ЕКОЛОШКИ ПРИФАТЛИВ

Класичниот Mini се враќа со електричен погон и 120 КС

Сопствениците на класичните Mini автомобили сега имаат можност да ги модернизираат своите миленици на четири тркала и да ги направат еколошки прифатливи со инсталирање на електричен погон.

Класичните Mini автомобили станаа предмет на тјунинг проекти во последниве години, досега видовме навистина импресивни примери како што е Mini со V6 мотор на Acura од 500 КС и за оние кои бараат поеколошка варијанта и го сакаат „оригиналниот пакет “, BMW Group нуди решение.

Станува збор за Mini Recharged програма која ги поканува сопствениците на класични Mini автомобили да ги претворат своите миленици во електрични возила со инсталирање на модерен електричен погон. Цените сѐ уште не се познати, но од Mini тврдат дека сите промени се реверзибилни и дека во магацинот се означени и мотори со внатрешно согорување за да може повторно да се вградат доколку тоа го сака сопственикот.

Mini гарантира дека чувството за возење картинг нема да се изгуби со инсталирање на електричен погон и реално е да се очекува значително подобрување во перформансите во споредба со оригиналниот класичен Mini бидејќи Mini Recharged доаѓа со електричен мотор кој испорачува 120 КС. Малиот хечбек забрзува од 0 до 100 км/ч за девет секунди, три до четири секунди побрзо од стандардното.

Засега нема детали за капацитетот на батериите, но се очекува дека со едно полнење електричниот Mini ќе може да помине околу 160 километри.

Производителот со гордост истакнува дека традиционалните оригинални инструменти ќе бидат задржани и ќе прикажуваат информации за температурата, брзината, опсегот и брзината.

Една од предностите на конверзијата е што благодарение на електричниот погон, класичниот Mini ќе може да вози во централните делови на градовите каде што се забранети автомобилите со конвенционален погон.

Посветен тим од експерти ќе работи на развојот и инсталирањето на електричниот погон во класичниот Mini.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе