Сатараш е омилен класик во многу домаќинства, а неговата верзија со тиквички и телешко месо носи освежување кое ќе ве воодушеви.

Богат со зеленчук, полн со вкус и брз за подготовка, овој рецепт е идеален за секој ден. Во комбинација со ароматични зачини ќе добиете јадење кое ќе почнете често да го подготвувате.
Потребни состојки:
- 200 гр тиквички
- 300 гр свежи пиперки
- 1 главица црвен кромид
- 600 гр телешко месо
- 3 лажици масло
- 1 лажица путер
- 1 лажица сол
- ½ лажичка пиперка
- 1 лажица мешавина зачини од зеленчук
Подготовка:
Месото и зеленчукот исечкајте ги на коцки. Варете на тивок оган и посолете и побиберете. Додадете ја смесата од зачини, па динстајте околу 40 минути на тивок оган. Кога јадењето ќе биде готово, послужете го во длабока чинија и украсете го со свежи билки по избор.