ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Клатенбург го замолчи Клоп: Доста кукаш, и твоите фудбалери симулираат

Ливерпул и Манчестер Јунајтед го играат големото дерби од 19-то коло на Премиер лигата во недела од 17:30 часот.

Јунајтед е во одлична форма со пет победи на последните шест натпревари во лигата, додека тимот на Јирген Клоп победи само на еден од последните четири натпревари.

Тренерот на Ливерпул минатата недела се пожали на третманот што Манчестер Јунајтед го има од судиите во лигата. Тој рече дека на Јунајтед му биле досудени повеќе пенали во последните две години отколку што има Ливерпул во пет и пол години колку е тој на „Енфилд“.

На Германецот му одговори легендарниот англиски судија Марк Клатенбург во својата колумна во Daily Mail.

„Клоп очигледно е загрижен за резултатите на неговиот тим штом реагираше така. Паметен е бидејќи внимателно ги бираше зборовите за да не се стави во незгодна ситуација, но ова очигледно беше обид да се изврши притисок врз судијата Пол Тирни кој ќе суди на дербито. Сакаше да му влезе во глава непосредно пред натпреварот. Во право е дека на Јунајтед му се досудени повеќе пенали, но се надевам дека на сите им е јасно дека нема никаква судиска завера“, пишува Клатенбург и продолжува:

„Во право е и кога вели дека играчите на Јунајтед паѓаат повеќе во казнениот простор од другите, но истото го прават и неговите играчи. Несомнено е дека некои играчи на Јунајтед симулираа пенали кои ВАР, откако ќе бидат досудени, ретко ги поништува. Паѓаат во казнениот простор во моменти кога не можат да шутираат кон голот. Тие се лукави, се сопнуваат во нозете на противникот и изнудуваат пенали. Но, Салах и Мане го прават истото, така што навистина не смее да кука.“

Клатенбург спомена дека уште од времето на Алекс Фергусон немало таков притисок врз судија непосредно пред дерби.

„Зошто не се жалеше минатата сезона кога Ливерпул победуваше во секое коло? Клоп никогаш не сакал да губи. Кога губи, станува нервозен. Времето на Алекс Фергусон, кога судиите донесуваа одлуки во полза на  Јунајтед, заврши. Јас сум единствениот судија кој доделил три пенали на противничките екипи на Олд Трафорд, и тоа баш за Ливерпул. Но, тогаш тренер на Јунајтед беше Дејвид Мојс. Не сум сигурен дека тоа ќе беше случај доколку Ферги беше на клупата“, заклучи Клатенбург.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Фудбал

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more
 

Спорт

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе