Клатенбург: Оливер донесе правилни одлуки, имаше пенал и Буфон заслужи црвен

Познатиот англиски судија Марк Клатенбург во својата колумна за британскиот „The Times“, напиша дека одлуките на Мајкл Оливер во финишот од мечот меѓу Реал Мадрид и Јувентус биле правилни.

Клатенбург до средината на февруари 2017 година судеше во Премиер лигата за потоа да отиде да работи во Саудиска Арабија, односно во тамошниот фудбалски сојуз.

Тој е еден од најпознатите и најдобрите англиски судии во поновата историја, а доказ за тоа се и фактите дека го судеше финалето од Лигата на шампионите во 2016 година, како и финалето од Европското првенство 2016 година.

Клатенбург застана во одбрана на Мајкл Oливер, кој досуди пенал во третата минута од судиското продолжение во корист на Реал Мадрид, во реванш натпреварот против Јуве во Мадрид.

Според мислењето на 43-годишниот Клатенбург, Оливер не погрешил при донесувањето на одлуките. Тој смета дека Оливер е на пат да стане врвен судија.

„Дуелот на Бенатија со Васкез е пенал. Мајкл од свој агол виде благо туркање од страна на Бенатија, но имаше и помош од другиот судија кој стоеше пред голот. Од негов агол, другиот судија можеше да види како ногата на Бенатија се движи околу телото на Васкез. Оливер не му даде црвен картон на Бенатија, што укажува на тоа дека тој мислел дека намерата на стоперот била да ја дофати топката. Тоа беше ненамерен прекршок, но беше прекршок“, напиша Клатенбург, а потоа го коментираше и црвениот картон на Буфон.

„Одлуката да се исклучи Буфон е исто така правилна. УЕФА е многу јасна кога станува збор за напад над судијата. Мајкл веројатно одлучил да му даде црвен дури откако Буфон по втор пат му се спротивстави, бидејќи првиот пат е разбирлив поради лутина“, истакна Клатенбург.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе