Клеменс Која: Да се овозможи СЈО да продолжи непречено да работи

Скопје, 12 јуни 2019 (МИА) – Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија Клеменс Која денеска изрази загриженост во врска законот за специјалното јавно обвинителство, што е предмет на разговори меѓу владејачките партии и опозицијата, како и за мандатот на СЈО. Ги повика сите партии да постигнат согласност и да се овозможи СЈО да продолжи непречено да работи.

Која во обраќањето на презентацијата на вториот преоден извештај на ОБСЕ за работата на СЈО, кажа и дека исто така е важно СЈО да продолжи да работи на независен и професионален начин.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева истакна дека очекува законот за СЈО да биде донесен што е можно побрзо и да се овозможи Обвинителството да работи со проширени надлежности.

Во целиот овој период од 3,5 години СЈО, посочи Јанева, се обидува да остане во рамките на мандатот што му е даден, а со тоа да му овозможи на судот доволно докази за да донесе соодветни пресуди.

Јанева, меѓу другото, се осврна на наодите од извештајот, потенцирајќи дека СЈО комплетно ги дало доказите, а исто така на обвинетите дека можат да дојдат во СЈО и да ги слушнат прислушкуваните разговори, но оти никој од нив не го сторил тоа.

Забелешките ќе ги разгледаме на колегиум, рече таа, изразувајќи надеж дека во иднина ќе се почувствува разлика во нивната работа.

Извештајот на ОБСЕ се однесува на работата на СЈО од ноември 2016 до ноември 2018 година, односно набљудувачи на мисијата следеле 20 случаи на обвинителството за кои обвиненија биле поднесени пред јуни 2017 година.

Марија Лаура Фероли, офицер за владеење на правото во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, презентирајќи ги наодите и заклучоците истакна дека со цел да се намали ризикот од бегство, правната рамка за извршување на санкциите треба да биде изменета. Од ОБСЕ сметаат дека периодот помеѓу носењето на конечна и правосилна пресуда и моментот на лишување од слобода на осуденото лице да не биде прекумерно долг, упатувајќи на примерот со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.

Извештајот се однесува и за времетраењето на постапките, просечната ефикасност и управување со судските процеси, за правичноста и еднаквоста на оружјата, како и за независноста и непристрасноста на судот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе