Гонзало Игуаин - нова жртва на несреќниот број 9?

Клетвата на „деветката“ во Челзи

Гонзало Игуаин е последниот напаѓач кој ја има честа да го носи дресот со број 9 во тимот на Челзи – но оваа бројка доаѓа со многу тешка клетва стара повеќе од деценија и пол. Аргентинецот има време до крајот на сезоната за да докаже дали е доволно моќен да ја скрши клетвата пред таа да го скрши него.

Игуаин неодамна му се приклучи на составот на Челзи во обид да ги реши проблемите во нападот на составот од Лондон, откако неговиот претходник Алваро Мората не успеа да се покаже како вистинско решение.

Дресот со број 9 уште одамна се покажа како несреќен за многу играчи кои дојдоа и скоро незабележително си заминаа од Челзи. Помеѓу нив беа неколку скапи „промашувања“, светски познати напаѓачи, но и мал број анонимци кои имаат среќа (или несреќа) да го носат овој дрес краток период. Дали истото ќе се случи со Гонзало Игуаин или пак тој ќе биде првиот во долгата низа кој ќе успее да ја надмине оваа „клетва“?

Алваро Мората (60 милиони фунти / 2017)

Почетокот на Мората ветуваше многу и според првите неколку натпревари на навивачите на Челзи им олесни, мислејќи дека конечно го најдоа вистинскиот напаѓач за нивниот тим. По 11 натпревари, Мората имаше 8 гола и 4 асистенции, но малите повреди и психичкиот товар беа пресудни за младиот Шпанец, кој никогаш повторно не ја пронајде вистинската форма. Минатиот месец тој си замина од Лондон и отиде на 18-месечна позајмица во Атлетико Мадрид.

Радамел Фалкао (позајмен играч / 2015-2016)

По крајот на катастрофалната позајмица во Манчестер Јунајтед, Фалкао изненадувачки доби шанса да ги покаже неговите квалитети во уште еден врвен премиерлигашки клуб – Челзи. А на Стемфорд Бриџ помина уште полошо, бидејќи постигна само еден гол во 12 настапи и по крајот на сезоната се врати во Монако, тимот за кој настапува и ден денес.

Фернандо Торес (50 милиони фунти / 2011-2015)

Шпанецот е општо познат како еден од најскапите промашени трансфери во Премиер лигата, па и општо, но тој сепак имаше повеќе успех од било кој претходник или наследник на „деветката“ во Челзи. Во 172 настапи за Челзи тој постигна 45 гола и ја освои Лигата на шампионите, но остана запаметен по спектакуларните промашувања и големата сума која беше потрошена на него.

Франко Ди Санто (3,4 милиони фунти / 2008-2010)

Од сите играчи на листата, веројатно Франко ќе биде единствениот за кој ќе си речете „Кој?!“. По ветувачкиот старт на неговата кариера во чилеанскиот Аудакс Италијано, Челзи го купи младиот Аргентинец и веднаш го „фрли во оган“. По 16 натпревари и ниту еден постигнат гол во првата сезона, тој беше пуштен на позајмица во Блекбурн, пред да направи перманентен трансфер во Виган. Од неговата кариера не произлезе ништо значајно.

Калид Буларуж (8,5 милиони фунти / 2006-2007)

Барем другите играчи на оваа листа беа напаѓачи, за разлика од Буларуж, кој беше нетипичен микс од десен бек и стопер. Холанѓанецот беше квалитетен дефанзивец, но во Челзи најчесто влегуваше од клупата и имаше мала минутажа. За време на престојот во Лондон тој не постигна ниту еден гол.

Хернан Креспо (16,8 милиони фунти  / 2005-2006)

Во еден момент, Креспо беше најскапиот фудбалер во светот откако беше вистинска напаст за одбранбените играчи во Серија А, носејќи го боите на Парма, Лацио и Милан. Потоа направи трансфер во Челзи, каде пропушти голем дел од првата сезона поради повреда, за да се врати во стил и да постигне 20 гола во 49 настапи. Во 2006 го напушти Лондон и потпиша за Интер.

Матеја Кежман (5 милиони фунти / 2004-2005)

Трите импресивни сезони во дресот на ПСВ го препорачаа Матеја Кежман на скаутите на Челзи и тој пристигна како големо засилување за нападот на „сините“. Премиер лигата не беше гостопримлива према Србинот и тој успеа да постигне само седум гола во 41 натпревар во синиот дрес со број девет, пред да направи трансфер во Атлетико Мадрид.

Џими Флојд Хаселбенк (15 милиони фунти / 2000-2004)

Најуспешната „деветка“ на Челзи во овој век го носи името Џими Флојд Хаселбенк, кој беше купен за 15 милиони фунти и успеа да ја оправда секоја фунта вложена во него. Во првата сезона постигна 21 гол и беше најдобар стрелец во лигата, а кариерата во Челзи ја заврши со 88 постигнати голови на 177 натпревари.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе