Се подготвува спектакл во Саудиска Арабија

Кличко има шанса да стане најстариот шампион во тешка категорија во историјата

Саудискиот боксерски промотор Турки Алалших изрази желба во рингот да се врати легендарниот украински боксер Владимир Кличко.

Кличко, кој денес има 48 години, би можело повторно да влезе во рингот во борбата за титулата шампион во тешка категорија против Тајсон Фјури. Но, за да дојде до оваа борба потребно е да се исполнат неколку услови.

Како прво, Кличко би морал да се согласи да се врати во професионалниот бокс. Дополнително, Тајсон Фјури мора да го победи Олександр Усик во нивниот реванш на 21 декември. Кличко не би се борел со Усик бидејќи тие доаѓаат од иста земја, Украина, и не сакаат да се натпреваруваат меѓу себе.

„Мојот сон е да ја видам оваа борба. Доколку се согласи, Кличко би можел да стане најстариот шампион во тешка категорија во историјата“, изјави Алалших.

Актуелен рекордер е легендарниот Џорџ Форман, кој во 1994 година на 45-годишна возраст го нокаутира Мајкл Мурер и ја освои титулата. Кличко, кој во март ќе наполни 49 години, би имал шанса да го надмине тој рекорд.

Браќата Владимир и Виталиј Кличко доминираа на сцената во тешка категорија повеќе од една деценија, држејќи ги појасите на водечките организации до 2015 година. Владимир последен пат се бореше во 2017 година против Ентони Џошуа, во борба што ја загуби во 11. рунда. После тоа се повлече од професионалниот бокс, но сега постои можност уште еднаш да влезе во рингот и да се обиде да испише историја.

реклама

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Трамп веќе работи на закажување разговор со Путин

Read more

Останати спортови

НХЛ подготвува два големи спектакли на отворено во Флорида

Read more

Фјури замина во пензија

Read more

МекГрегор заигра сеоски фудбал - ги испотепа противниците

Read more

Вечерва се игра финалето на Светското првенство во пикадо, колку ќе заработи победникот?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ со трет трипл-дабл во низа против Орландо, Зубац го уништи Лејкерс

Читај повеќе

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе

Работнички: До кога Перо Антиќ ќе ја силува македонската кошарка?

Читај повеќе

Почнуваат зимските пријателски: Календар на натпревари на македонските клубови

Читај повеќе

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Читај повеќе

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Оклахома го патосираше Кливленд, разликата беше и 42 поена

Читај повеќе

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Читај повеќе

Фоден: Не сме глупави, знаеме дека немаме шанси да ја одбраниме титулата

Читај повеќе