Останати спортови

Кличко сака камбек: Можам да ги победам сите во тешка категорија

14. декември 2018 - 18:06 | А.С.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Владимир Кличко размислува да му се врати на боксот откако лани соопшти дека ја завршува кариерата.

Украинскиот боксер, кој 10 години успешно ја бранеше титулата светски првак во тешка категорија, се прости од боксот по поразот со технички нокаут од Ентони Џошуа и се пензионираше со скор од 64-5.

Промотерот на Џошуа, Еди Херн, за iFL TV изјави дека Кличко му пратил порака на Британецот во која вели:

„Сакам да се вратам. Чувствувам дека можам да ги победам сите кои се натпреваруваат во тешка категорија.“

Кличко неколку пати добиваше покани да се врати од пензија и повторно да влезе во рингот, но 42-годишниот Украинец одбиваше.

Џошуа сака да се бори со Дионтеј Вајлдер на 13 април на Вембли, а борбата Вајлдер-Фјури заврши нерешено и сега и двајцата сакаат реванш.

Коментирај