Клиентите го губат трпението - речиси една четвртина се откажаа од Model 3 на Tesla

Во Соединетите Американски Држави 23 проценти од луѓето кои досега си гo резервираа својот примерок на Model 3 од компанијата Tesla, се откажаа од купувањето и го повлекоа депозитот од 1.000 долари.

Додека американската компанија се мачи да го зголеми производството на Model 3 и да го скрати времето за чекање на испорачување на возилата, многумина од оние кои уште од 2016 година го порачаa овој автомобил, во меѓувреме го загубија трпението и се премислија.

За потсетување, Елон Маск го претстави Model 3 кон крајот на 2016 година, како пристапен електричен автомобил кој треба да придонесе за зголемување на бројот на овој тип на возила на патиштата.

Само една недела подоцна, компанијата веќе прими 325.000 резервации од потенцијални купци ширум светот, а до крајот на април тој број достигна до 400.000.

Кога после 15 месеци исчекување, летото 2017 година конечно почна сериското производство, и покрај тоа што во меѓувреме веќе се откажаа околу 63.000 потрошувачи, сепак бројот на порачки порасна на 455.000.

Tesla во последните неколку години се бореше да го достигне планираното ниво на производство и дури овој месец се очекува да ги исполни ветувањата по тоа прашања, кои требаше да бидат исполнети до крајот на 2017 година.

Според податоците кои ги собира „Second Measure“, дури 23 отсто од потенцијалните купци на Model 3 во САД се откажаа од набавка на овој автомобил и си го побараа назад дадениот депозит во износ од 1.000 долари.

Истиот извор пренесува дека нови резервации за Model 3 и понатаму пристигнуваат, но дека нивната бројка во овој момент е помала во однос на оние кои го повлекуваат депозитот.

Помеѓу оние кои се откажаа од купувањето, најмногу од нив ја имаа резервирано базичната верзија на овој автомобил која чини 35.000 долари, без пресметани субвенции.

И покрај откажувањето на купците и повлекувањето на депозитот, тоа за сега нема премногу да влијае на компанијата Tesla, која има за цел во текот на јуни да достигне неделно производство од 5.000 возила, што на годишно ниво би изнесувало околу 260.000 единици.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе