Климатолозите објавија мрачен извештај: Ќе дојдеме до точката од која нема враќање

Макфакс/Кајгана
/ 06.02.2025 / 10:19

Ограничувањето на долгорочното глобално затоплување на 2 степена Целзиусови, што е алтернативна цел на Парискиот договор за климата, во меѓувреме стана невозможно, според водечките експерти за климата.

Авторите на студијата, предводени од познатиот климатолог Џејмс Хансен, заклучија дека климата на Земјата е почувствителна на зголемување на емисиите на стакленички гасови отколку што се мислеше, објавено е во списанието Environment: Science and Policy for Sustainable Development.

Амбициозното сценарио за климатски промени на Панелот на ОН за климатски промени (IPCC), кое ѝ дава 50% шанси на планетата да го ограничи затоплувањето на под 2°C до 2100 година, „веќе не е возможно“, рече Хансен на брифингот со новинарите.

Хансен е поранешен истакнат научник на НАСА, познат по тоа што во 1988 година на американскиот Конгрес му кажа дека се случува глобалното затоплување. „Целта од 2 степена е мртва“, нагласи тој. Хансен и неговите колеги тврдат дека количината на стакленички гасови кои веќе се ослободуваат во атмосферата со согорувањето на фосилните горива значи дека е загарантирано поголемо затоплување.

Температурите во наредните години ќе бидат 1,5°C или повеќе над прединдустриските нивоа, што ќе биде поразително за коралните гребени и ќе предизвика посилни бури, а до 2045 година тие ќе се зголемат за околу 2°C.

Научниците проценуваат дека топењето на поларниот мраз и приливот на слатка вода во Северниот Атлантик ќе предизвика нарушување на главната океанска струја AMOC во рок од 20 до 30 години.

Струите носат топлина на различни делови на планетата, како и хранливи материи важни за животот во океанот.

Неговото нарушување „ќе предизвика големи проблеми, вклучително и покачување на нивото на морето за неколку метри, така што го опишуваме колапсот на AMOC како точка од која нема враќање“, се наведува во студијата.

Во Парискиот климатски договор од 2015 година, земјите се согласија да се стремат да го ограничат глобалното затоплување на 1,5°C над прединдустриските нивоа до крајот на векот.

Научниците заклучија дека овој праг е критичен за спречување на нарушување на големите океански струи, брзото топење на вечниот мраз на север и колапсот на тропските корални гребени.

Целта од 1,5°C веќе е надмината во последните две години, покажуваат податоците на Коперник, европскиот систем за следење на климата, иако Парискиот договор зборува за долгорочен тренд со децении.

Глобалното затоплување од 2°C би имало уште поголеми последици, вклучително и неповратно губење на ледени плочи, планински глечери и снег, морски мраз и вечен мраз.

Авторите признаа дека резултатите од истражувањето изгледаат мрачно, но тврдат дека е потребна искреност за промена.

„Нема да им помогнеме на младите ако не сме реални во проценките за климата и ако не укажеме на неефикасноста на сегашните политики за ограничување на глобалното затоплување“, предупредија тие.

„Денес, со растечките кризи, вклучително и глобалните климатски промени, дојдовме до точка каде што мораме да го решиме проблемот со сопствените интереси“, додаваат тие, нагласувајќи дека сепак се „оптимисти“ за иднината.

реклама

И член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника

Read more

Кинескиот MG4 е голем хит во Европа, доаѓа и нова генерација

Read more

Темната енергија во универзумот слабее: Што значи тоа?

Read more

Кој е најскапиот автомобил некогаш изложен на Саемот во Белград?

Read more

Вести

Роботот Atlas научи нови потези и сака да ги покаже

Read more

Ретко видено зајдисонце: Blue Ghost испрати неверојатни снимки од Месечината

Read more

Nvidia го направи најмалиот суперкомпјутер во светот

Read more

Почна производството на приватната вселенска станица Starlab, лансирање во 2028 година

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботот Atlas научи нови потези и сака да ги покаже

Читај повеќе

Microsoft има нова гејмпад тастатура за Windows 11

Читај повеќе

Над 300 апликации исфрлени од Google Play Store

Читај повеќе

Темната енергија во универзумот слабее: Што значи тоа?

Читај повеќе
  • filter

Google го претстави паметниот телефон Pixel 9a

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Ретко видено зајдисонце: Blue Ghost испрати неверојатни снимки од Месечината

Читај повеќе
  • play_arrow

Nvidia го направи најмалиот суперкомпјутер во светот

Читај повеќе

Почна производството на приватната вселенска станица Starlab, лансирање во 2028 година

Читај повеќе

Астероидот 2024 YR4 повеќе не претставува закана за Земјата

Читај повеќе