Климатски активисти се залепија за црвениот килим на Берлинале

Маж и жена денеска останаа залепени на црвениот тепих на отворањето на Берлинскиот филмски фестивал, повикувајќи ја германската влада и општеството да преземат поголема акција во борбата против климатските промени.

Двајцата активисти се залепија на тепихот откако филмските ѕвезди пристигнаа во Берлинале Паласт на церемонијата на отворањето на фестивалот, каде што украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ се обрати на публиката преку видеоврска и каде можеа да ја погледнат премиерата на филмот She Came To Me на американската режисерка Ребека Милер.

Групата активисти „Последна генерација“, која го организираше протестот, рече дека актуелната влада и општеството се последните кои имаат шанса да го спречат климатскиот пекол со милијарди мртви.

„Залагањето за одржливост во мал обем, како што тоа го прави Берлинале, е важно, но тоа нема да нè спаси само по себе. Мораме да ги свртиме работите“, рече Рафаел Воелми, еден од активистите.

„Ако продолжиме да бегаме од реалноста, ќе ги поминеме првите климатски пресвртни точки и ќе започнеме смртоносна лавина од која нема спас“, рече Лиза Винкелман, друга активистка.

Имаше извици, но протестот не предизвика поголеми нарушувања. Групата рече дека двајца нивни активисти ја прескокнале оградата за да протестираат. Црвениот тепих беше горе-долу празен кога започна протестот бидејќи повеќето гости веќе влегоа во зградата.

реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Свет

Пентагон објави колку војната во Иран ја чинела Америка досега

Read more

Кремљ го повтори тврдењето на Путин дека војната во Украина е речиси завршена

Read more

Трамп: Куба бара помош, ќе разговараме за тоа

Read more

Лидерите на ЕУ по состанокот во Брисел: Има место за Западен Балкан, но условите се јасни

Read more
 

Вести

Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање

Читај повеќе

Пентагон објави колку војната во Иран ја чинела Америка досега

Читај повеќе

Казината ќе се дислоцираат од училиштата, се отстрануваат терминалите – Владата го утврди предлог-законот за игри на среќа

Читај повеќе

Преку ПОЦ ќе се селектираат и рециклираат батерии во Центар

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Бугарија потврди дека прашањето за малцинствата во Уставот не е бугарско, туку европско прашање

Читај повеќе

Кремљ го повтори тврдењето на Путин дека војната во Украина е речиси завршена

Читај повеќе

Шефот на НАТО: Црна Гора промовира мир и стабилност на Западен Балкан

Читај повеќе

Левица бара замрзнување на цените на основните производи: Цените растат со темпо кое народот не може да го издржи

Читај повеќе

Трамп: Куба бара помош, ќе разговараме за тоа

Читај повеќе