Климатски промени: Канада се загрева двапати побрзо од остатокот од светот

Во новиот научен извештај за климатските промени научниците предупредуваат дека Канада се загрева двапати побрзо од остатокот од светот, пренесува BBC.

Експертите предупредуваат дека промените се веќе видливи во многу делови на земјата и предвидуваат нивно интензивирање. Во извештајот исто така се наведува дека многу од веќе видените ефекти од глобалното загревање веројатно се неповратни.

Во извештајот се наведува дека од 1948 година просечната годишна температура во Канада е зголемена за околу 1.7 степени Целзиусови. Најголемото зголемување на температурите е забележано на северот, во канадските прерии и во северна Британска Колумбија. Просечната годишна температура во северна Канада е зголемена за приближно 2.3 степени Целзиусови.

Ефектот на глобалното затоплување значи поекстремни временски услови во Канада. Растот на температурата може да значи повеќе топлински бранови и поголем ризик од пожари и суши во некои делови на земјата.

Експертите проценуваат дека океаните ќе станат покисели и помалку оксидирани што би можело да го загрози морскиот живот. Се предвидува делови од канадскиот Арктички Океан во наредните неколку децении во текот на летото да бидат без лед. Зголемувањето на нивото на морето исто така може да го зголеми ризикот од поплави, а интензивните дождови можат да предизвикаат проблеми со поплави во урбани средини.

Сепак, експертите сметаат дека количината на загревање би можела да биде ограничена ако се преземат одредени мерки како драстично намалување на емисијата на јаглероден диоксид.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе