ОН: Климатските мигранти не смеат да бидат вратени во земјите од каде побегнале

Незаконски е националните влади да ги вратат луѓето во земјите од каде побегнале, каде што нивните животи би можеле да бидат загрозени од климатската криза, пресуди Комитетот за човекови права на Обединетите нации.

Пресудата, која е прва од ваков вид, претставува правна „точка на пресврт“ и момент што „ја отвора вратата“ на идните барања за азил на луѓе чиј живот и благосостојба се загрозени поради глобалното затоплување, велат експертите.

Десетици милиони луѓе се очекува да бидат раселени од глобалното затоплување во следната деценија.

Комитетот за човекови права пресудата ја донесе во случајот на Ионеа Теитиоте, кој побара заштита од Нов Зеланд бидејќи во родните Кирибати му бил загрозен животот. Република Кирибати е островска држава во централниот дел на Тихиот Океан која е во опасност да стане првата земја која ќе исчезне поради зголемување на нивото на морето.

Комитетот пресуди против Теитиоте, врз основа на тоа дека неговиот живот во моментов не е загрозен, но истовремено потенцираше дека државите би ги прекршиле маѓународните човекови права ако присилно ги вратат назад луѓето во земји каде климатските промени претставуваат непосредна закана.

Според истражувањето на Светска банка од 2018 година, 143 милиони луѓе од Јужна Азија, субсахарска Африка и Латинска Америка би можеле наскоро да станат климатски мигранти.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе