Дури две продолжение беа потребни за да се добие победник на натпреварот помеѓу Бостон Селтикс и Лос Анџелес Клиперс, еден од само двата натпревара кои беа на програмата пред вечерашниот Ол Стар.
Само два натпревара се играа во НБА ноќеска со оглед на тоа што вечерва после полнок на програмата е долгочекуваниот Ол Стар натпревар.
Бостон во „ТиДи Гарден“ арената го пречека Лос Анџелес Клиперс, а публиката се изнагледа кошарка која траеше многу подолго од очекуваното. Регуларниот дел заврши 114:114 со тројка на Клиперс во последните момкенти. Од втората третина домаќините цело време водеа, еднаш и плус 10, но на крајот мораа победата да ја остварат на продолженија и тоа две. На крајот Бостон славеше со 8 разлика
Џејсон Тејтум беше најефикасен со 39 поени пред гостинот Лу Вилијамс со 35.
Резултати:
Бостон Селтикс - Лос Анџелес Клиперс 141:133
Њу Орлеанс Пеликанс - Оклахома Сити Тандер 118:123