Џејмс Харден стана нов кошаркар на Лос Анџелес Клиперс, објави доверливиот НБА инсајдер Ејдриан Вожнаровски од ESPN.

Харден, ПиЏеј Такер и Филип Петрушев станаа нови играчи на Лос Анџелес Клиперс, а Маркус Морис, Николас Батум, Роберт Ковингтон и КејЏеј Мартин заминаа во Филаделфија 76ерс.
Со оглед на тоа што тимот од Лос Анџелес не ги трејдуваше Каваи Ленард или Пол Џорџ, јасно е дека Клиперс повторно направија супер тим.
Клиперс е четврти клуб на Харден во последните две години. Откако го напушти Хјустон Рокитс во 2021 година, играше за Бруклин Нетс и за Филаделфија 76ерс, а во пресрет на оваа сезона постојано го нарекуваше „лажго“ претседателот на клубот Дерил Мори, поради што беше исфрлен од тимот и ставен на трејд листата.
Во 2016 година, Клиперс формираа супер тим составен од Крис Пол, Пол Пирс, Блејк Грифин и ДеАндре Џордан, но не успеаја да ја освојат титулата. Ќе видиме дали ќе им успее овој пат.