НБА 2024/2025

Кливленд ја продолжи неверојатната серија, Денвер немоќен без Јокиќ

Ноќеска се одиграа нови натпревари од НБА лигата, а Кавалирс продолжи да гази сѐ пред себе, па по 15 натпревари има исто толку победи.

Кливленд Кавалирс ја продолжи одличната серија, победувајќи со 128:114 на домашен терен над Шарлот Хорнетс и на тој начин оствари 15 победи во првите 15 натпревари од сезоната, кои во историјата ги постигнале само четири други екипи.

Рекордот сè уште го држи Голден Стејт Вориорс, кој ја отвори сезоната 2015/2016 со скор 24-0.

За новата победа на Кливленд се погрижија четворица играчи. Најефикасниот кај домаќините, Дариус Гарланд, имаше дабл-дабл со 25 поени и 12 асистенции, поен помалку уфрли Тај Џером кој додаде и 8 аситенции, дабл-дабл со 23 поени и 11 скокови оствари Еван Мобли, а дабл-дабл со 21 поен и  15 скокови имаше Џарет Ален. Најефикасен на мечот беше ЛаМело Бол од редовите на гостите со дабл-дабл од 31 поен и 12 асистенции.

Денвер Нагетс втор натпревар по ред покажа дека без Никола Јокиќ е просечна екипа. Српскиот центар не игра поради приватни причини, а Нагетс загубија со 105:90 на гостувањето кај Мемфис Гризлис.

Далас Маверикс без повредениот Лука Дончиќ славеше кај Оклахома Сити Тандер со 121:119. Шеј Гилџс-Александер постигна пирови 36 поени за домашните, додавајќи 8 асистенции. Кај Далас дабл-дабл имеш ПиЏеј Вошингтон со 27 поени и 17 скокови.

Резултати:

Индијана Пејсерс - Мајами Хит 119:110
Минесота Тимбервулвс - Феникс Санс 117:120
Кливленд Кавалирс - Шарлот Хорнетс 128:114
Мемфис Гризлис - Денвер Нагетс 105:90
Портланд Треил Блејзерс - Атланта Хокс 114:110
Вашингтон Визардс - Детроит Пистонс 104:124
Чикаго Булс - Хјустон Рокитс 107:143
Њујорк Никс - Бруклин Нетс 114:104
Оклахома Сити Тандер - Далас Маверикс 119:121
Лос Анџелес Клиперс - Јута Џез 116:105

Табели:

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Зошто денешните автомобили имаат сè помали резервоари за гориво?

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Кошарка

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Read more

Кошаркар висок 2,36 има просек од 0,5 скока, а бара договор од 3 милиони долари

Read more

Тренерот на Минесота во неволја: Не знам како да го чуваме Јокиќ

Read more

Новото НБА правило за 65 натпревари ја подели лигата, Баркли немилосрден кон играчите

Read more
 

Спорт

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе