Клоп бара Астон Вила да дојде во Катар на мегдан со Ливерпул

Тренерот на „Црвените“ најде решение за згуснатиот распоред. Тој побара од Астон Вила да дојде во Катар и таму да го одиграат натпреварот од Лига купот.

Како победник на Лигата на шампиони Ливерпул ќе ја претставува Европа на претстојното Светско клупско првенство во Катар. Но, нивниот престој таму се поклопува со четвртфиналниот натпревар од домашниот Лига куп против Астон Вила.

„Ги прашавме луѓето од Астон Вила дали би сакале да дојдат во Катар и таму да го одиграме натпреварот. Моравме да донесеме таква одлука бидејќи немаше ништо друго што ќе одговараше. Ова е најдобрата опција. Сѐ уште не знаеме како ќе го изведеме тоа, но има време“, рече Клоп.

„Не беше можно да испратиме 11 играчи во Катар да за одиграат два натпревара додека останатите да останат во Англија и да играат против Астон Вила. Затоа, веројатно ќе користиме два тима истовремено, еден ќе игра на Светското клупско првенство, додека друг во Лига купот“.

Германскиот стратег се осврна и на густиот распоред што англиските клубови секоја година ги мачи. 

„Секоја година го правиме истото и луѓето сметаат дека е смешно тоа што еден тим треба да игра пет натпревари за три дена. Не ми се допаѓа ни тоа што полуфиналето е со реванш. Не разбирам зошто е тоа така во и онака згуснатиот распоред“, заврши тој.

Ливерпул на 18 декември треба да игра полуфинале на планетарниот собир, додека натпреварот со Астон Вила е закажан за претходниот ден.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе