Фудбал

Клоп за идејата за проширување на ЛШ: Апсолутно сра*е

15. декември 2019 - 16:17 | А.С.

Фудбалерите на Ливерпул вчера во 17-тото коло од англиската Премиер лига славеа против Ватфорд со 2:0, а по натпреварот Јирген Клоп се изјасни околу предлогот за проширување на Лигата на шампиони на УЕФА.

Прашањето за можното проширување на ЛШ дојде во незгоден момент за Клоп.

Неговиот Ливерпул утрово отпатува за Катар каде неговиот тим в среда ќе игра натпревар од полуфиналето на Светското клупско првенство.

Така, вториот тим на Ливерпул во вторник ќе игра против Астон Вила во четвртфиналето на Карабао Купот.

„Не знам што сакаат точно. Денеска прочитав текст за тоа дека најдобрите клубови сакале повеќе натпревари во Лигата на шампиони. Јас не сум вклучен во тие планови. Тоа е апсолутно сра*е. Треба да разговараме за намалување на бројот на натпревари, не да додаваме нови“, дециден беше Клоп и видно беше дека не му е гајле што мораше да употреби вулгарен збор за да се изјасни.

Екипата против Астон Вила ќе ја води Нил Кричли, тренерот на младиот тим на Ливерпул , а во Катар германскиот стратег замина со 20 играчи меѓу кои не е хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен кој се повреди на дуелот од ЛШ против Салцбург пред неколку дена.

Ливерпул сезонава игра на седум натпреварувања. Ако во секое од нив оди до крај, можно е да одигра 67 натпревари во 300 дена, што значи дека „црвените“ играат на секои четири и пол дена.

Коментирај