Клубот на Даку најави казна по пцовките кон Македонците на ЕУРО

Репрезентативецот на Албанија, Мирлинд Даку ќе биде казнет од неговиот клуб Рубин поради навредите за Србија и Македонија изречени по натпреварот против Хрватска (2:2) во второто коло на Европското првенство во Германија.

Соопштението на клубот го пренесуваме во целост:

„По натпреварот на ЕП 2024 за репрезентацијата на Албанија против Хрватска, напаѓачот Мирланд Даку упати навредливи извици. Нашиот клуб ја препознава одговорноста за ситуацијата. ФК Рубин претставува мултинационален тим и секогаш се придржува до принципите на почит и еднаквост, категорично осудувајќи ги сите форми на дискриминација и навреди на национална, верска или расна основа. По враќањето во клубот, фудбалерот ќе биде подложен на дисциплински и финансиски санкции. Ќе се одржи и информативен разговор со сите играчи на клубот за да се избегнат слични инциденти во иднина“, велат од Рубин.

Даку, роден во Гњилане, инаку фудбалер на Рубин од Казан, додека го славеше нерешениот резултат со навивачите го зеде мегафонот и извика пцовка упатена кон Македонцте.

Даку потоа се најде на удар на јавноста, побарана беше реакција и казна од УЕФА, па веројатно затоа јавно се огласи и се извини.

„Најпрво сакам да им се заблагодарам на оние кои нè поддржаа и во добри и во лоши моменти. Само оние кои се на терен знаат какви емоции ве носат и какво е чувството кога играте за репрезентацијата со нашето мото ‘Албанија без граници’“, напиша Даку на Instagram.

Без разлика на неговото извинување, се очекува УЕФА да реагира на срамното однесување на фудбалерот на натпреварот од ЕП.

реклама

Таравари именува нови директори на неколку здравствени установи

Read more

Летување во Југославија: Сиромашни, ама среќни

Read more

Како по природен пат да го намалите лошиот холестерол?

Read more

Тајсон: Зависник сум, повеќе би сакал да живеам краток живот во слава, отколку долг живот во „мрак“

Read more

Фудбал

Милан го потврди трансферот на Мората

Read more

Манчестер Сити го доби првото засилување

Read more

Импресионираше на ЕУРО, Барселона поради него зема нов кредит

Read more

Шпанците избраа 11 стадиони за Светското првенство

Read more
 

Спорт

Тајсон: Зависник сум, повеќе би сакал да живеам краток живот во слава, отколку долг живот во „мрак“

Читај повеќе

Милан го потврди трансферот на Мората

Читај повеќе
  • play_arrow

Манчестер Сити го доби првото засилување

Читај повеќе

Хамилтон за Шумахер откако се изјасни дека е геј: Испрати позитивна порака

Читај повеќе

Импресионираше на ЕУРО, Барселона поради него зема нов кредит

Читај повеќе
  • play_arrow

Шпанците избраа 11 стадиони за Светското првенство

Читај повеќе

Дали Ракитиќ избега од Саудиска Арабија?

Читај повеќе

Синот на Ибра го потпиша првиот професионален договор со Милан

Читај повеќе

Атаман до Бостон: Кога ќе го победите Панатинаикос, тогаш ќе бидете светски шампиони

Читај повеќе