Клучните бројки на финалето од СП 2018

Уште едно попладне и Светското првенство во Русија ќе го доживее крајот. Франција и Хрватсак го играат последниот и најважниот меч на ова натпреварување чиј победник ќе ја понесе титулата светски првак во наредните четири години.

По тој повод решивме да ви понудиме неколку клучни бројки поврзани со најголемиот натпревар во светскиот фудбал.

1

Хрватска првпат игра финале на Светско првенство. Исто така, репрезентацијата на Хрватска стана и првиот национален тим кој се пласирал во финалето играјќи три последователни продолженија во нокаут фазата. Тие победија против Данска и Русија на пенали, а Англија ја совладаа преку продолженија.

3

Хрватска е само третиот новајлија во финалињата на СП во последните 40 години. Претходните две репрезентации, Франција и Шпанија, ги освоија првенствата кога дебитираа во финалињата во 1998 и 2010 година.

4

Бројот на голови што Франција ги прими на овој Мундијал. Три од нив примија од Аргентина во осминафиналето а еден од нив дојде од пенал во натпреварот против Австралија.

4,2

Со популација од 4,2 милиони Хрватска е најмалата нација која игра финале на Светско првенство по Уругвај во 1950 година. Тогаш Уругвај го изненади фаворитот Бразил, а сега Хрватска се надева на истото.

19

Килијан Мбапе има само 19 години а ова првенство го игра како да е професионалец повеќе од 10 години. Напаѓачот на ПСЖ не беше ни роден кога Франција го освои единсвениот трофеј од Светските првенства во 1998 година.

20

Поминаа 20 години откако последен пат некоја репрезентација со пресврт успеала да се пласира во финалето. Во 1998 Франција со пресврт ја елиминираше Хрватска откако Шукер ѝ донесе водство на хрватската репрезентација, а потоа Турам со два гола ја донесе победата за тогашните домаќини на СП. Оваа година, Хрватска преку пресврт ја совлада Англија.

27

27 години поминаа откако Хрватска ја стекна својата независност од Југославија. Нивниот сегашен селектор Златко Далиќ е роден во Босна и Херцеговина.

163

Вкупниот број на постигнати голови на овој Мундијал пред да се одигра финалето е 163. Во просек се постигнуваа по 2,6 голови по натпревар.

988

Цената на еден билет за денешното финале чини 988 американски долари. Но, тоа не значи дека можете да си купите билет, бидејќи сите се веќе распродадени.

81.000

Финалето ќе се одигра на стадионот Лужњики во Москва, а неговиот капацитет е 81.000 седишта.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе