Актерот Џорџ Клуни откри дека одбил 35 милиони долари за еднодневно снимање на реклама за една авиокомпанија.

Новинарката на The Guardian, Хадли Фримен, разговараше со него за неговиот претстоен филм „The Tender Bar“ и го праша дали мисли дека сега има доволно пари.
„Да. Ми беа понудени 35 милиони долари за еднодневна реклама за авиокомпанија. Разговарав со сопругата Амал и дојдов до заклучок дека тоа нема да биде паметна одлука“, одговори тој.
Тој дополнително објасни како компанијата (која не ја именува) соработува со држава која, според него, е непријателска, иако е сојузник на САД.
Инаку, Клуни во последните неколку години значително помалку снима.
„Генерално кажано, нема толку многу добри улоги. Имам 60 години и не сум должен да прифатам сѐ што ми се нуди“, рече тој.