КМФ: Конкурсите будат сеќавање на времињата кога фотографијата беше „егзотична уметност“

Александра Спасеска
/ 24.09.2020 / 09:56

Купот на македонска фотографија го организираше првиот конкурс за фотографија и ги прогласи победниците на првото издание.

НПУМ Златен медал за Доријан Миловановиќ - „Two Worlds“

Жирито беше во состав: Коста Дупчинов, Душко Јованoвски и Зоран ЗдравевВо Секција А: Слободна (црно-бела) добитник на НПУМ Златен медал е Доријан Миловановиќ за фотографијата „Two Worlds“, а во Секција Б: Слободна (колор) со Златен медал е награден Диме Данов за делото „Пејзаж, со девојка во преден план“.

НПУМ Златен медал  за Диме Данов - „Пејзаж, со девојка во преден план“.

Ова е прво издание на Купот на македонска фотографија, иако идејата за него постои уште од 2014 година. Требаше да помине период од шест години за идејата да созрее и да биде спроведена во дело.

Разговаравме со Стефан Илиевски од Купот на македонска фотографија околу организацијата на првиот конкурс. Тој вели дека зад Купот стои сѐ уште неформалното здружение „Национална фотографска унија“ кое обединува неколку активни фото клубови од Македонија „кои делат ист modus operandi и филозофија кон уметничката фотографија“.

Моменти од жирирање

„Се надеваме дека набргу ќе биде официјализирано и формализирано постоењето на Унијата со што ќе придонесеме за развитокот, зголемувањето на знаењата и разбирањето на уметничката фотографија во сите нејзини сфери“, вели Илиевски.

Некои од наградените фотографи, веќе добро познати на македонската јавност по нивната работа, со радост и доза носталгија реагираа дека одамна престанале да учествуваат на вакви конкурси и дека возбудата од наградата им била како во деновите како почетници. Како вие сметате дека одржувањето (секако релевантни) конкурси влијае врз кариерниот пат и развојот на фотографите, и помладите и етаблираните?

„Компетитивните конкурси се секогаш добар начин за проверка на сопствените вештини и умеења, како и за добивање на увид во актуелните трендови на уметничката фотографија. Мислам дека кај етаблираните фотографии ваквите настани будат сеќавање на времињата кога фотографијата претставуваше ‘егзотична уметност’ и самиот фотографски процес од идеја до реализација беше покомплесен и подолг. Во претходниот период, во ситуација на непостоење на социјалните мрежи и слабо користење на интернет, конкурсите претставуваа еден од ретките начини за валидација на нечиј труд“, објаснува Илиевски од КМФ.

Денес, вели тој, со промената на духот на времето, пристапот кон фотографијата е потполно променет.

„Младите автори, пред сѐ со користењето на социјалните мрежи, имаат повеќе начини на себевалоризација, но негативната последица од тоа е што нивната дејност е целосно индивидуализирана односно замираат клубвите, здруженијата и сличните организации што порано беа носители на развојот на фотографската уметност. Денес многу ретко се зборува за фотографски школи, како што порано беа југословенската, турската, кинеската и др. Сепак, нашата држава изобилува со таленти, а преку Купот ние се надеваме дека ќе им доделиме простор истите да се афирмираат“.

Колку, како организатори, сте задоволни од бројот на пријавени учесници и од квалитетот на делата што ги избравте?

„На наше огромно изненадување и радост, на натпреварот учество зедоа 150 фотографи од 20 градови во Македонија со што Купот навистина може да се пофали со статусот натпревар со национален карактер. Пред тричленото жири вкупно беа претставени 1.195 фотографии во темите слободна (колор) и слободна (црно-бела). Квалитетот на фотографиите беше задоволувачки со оглед дека учество зедоа широк спектар на фотографи, од афирмирани имиња па сѐ до млади автори и почетници“, вели Илиев.

Збор-два за двете фотографии што освоија Златен медал во двете категории. Кои беа пресудните елементи кои ги освоија членовите на жирито?

„И двете фотографии што освоија златни медали се дела на сериозни автори. Истите од жири членовите добија највисоки оценки. Наградената фотографија во темата слободна (црно-бела) ја доловува noir атмосферата и е добро ликовно-естетски сработена. Фотографијата во темата слободна (колор) претставува нешто што е сосема различно од фотографиите што често се гледаат на изложбите. Истата дава впечаток на носталгичен ефект и чувство на тага и копнеж, а композициски пристапот и е целосно модерен“, завршува Илиевски.

Честитки до наградените автори, чии дела може да ги погледнете на официјалната страница на КМФ, а на Facebook страницата може да ја следите работата на Здружението и да погледнете дел од пријавените фотографии.

Во продолжение ги објавуваме наградените фотографии во Секција Б: Слободна (колор):

НПУМ Диплома: Стефан Тодоровски (Македонија) - Aesthetics
НПУМ Сребрен медал: Маја Аргакијева (Македонија) - Blue
НПУМ Диплома: Сања Ѓорѓевска (Македонија) - Sanja
НПУМ Диплома: Александар Георгиев (Македонија) - Smoker
НПУМ Диплома: Катерина Мавровска (Македонија) - Before the rain
НПУМ Диплома: Виктор Поповски (Македонија) - Сафари Кениа
НПУМ Бронзен медал: Благојче Костовски (Македонија) - bali seno
НПУМ Диплома: Ивана Јовановска Кузмановска (Македонија) - WOMAN
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе