Книга со текстови за Конески од странски автори во издание на „Матица македонска“

Скопје, 23 февруари 2021 (МИА) – „Матица македонска“ објави книга со наслов „Светската критика за делото на Конески – 100 години од раѓањето на великанот од Небрегово“, во која се презентирани триесет текстови од истакнати писатели, критичари и научници од други земји кои во суперлативи пишуваат за творештвото на Блаже Конески.

Меѓу нив се Англичаните Ана Пенингтон и Андрју Харви, според кои Конески, како писател на македонски јазик, има привилегија да наследи богата фолклорна традиција, и тоа со толкава непосредност каква што тешко може да постигне некој писател од Запад, Манфред Јенихен во поезијата на Блаже Конески го потенцира финото чувство на национално достоинство, а пак Јон Милош неговото орфејско чувство за поезија.

– Цилина Јуда вели дека без да се запознае творештвото на Конески не може да се има претстава за современиот научен, културен или општествен пејзаж на Македонија, а Владимир Кржиж најзначајната стихозбирка на Конески „Везилка“ ја става во редот на светските книжевни дела. Од своја страна, Дагларџа, добитникот на „Златниот венец“ во 1974 година, восхитено пишува дека преку стиховите на Конески преведени на турски јазик имал среќа да го доживее прекрасното македонско поднебје…, наведува издавачот на книгата.

Еден друг добитник на „Златниот венец“, Шпанецот Хусто Хорхе Падрон, констатира дека Конески навлегува во сферата на мисловноста и интимноста, евоцирајќи ги подеднакво модерното и историското и поврзувајќи го митското со секојдневното, со јазик на течна транспарентност, а во исто време тврд како дијамант. Унгарецот Золтан Чука, пак, голем познавач на литературите на јужнословенските народи, ќе напише дека лириката на Конески е редок пример во светската поезија каде што личната несреќа толку спонтано, уверливо и трагично се идентификува со општата национална несреќа, а познатиот грчки писател Костас Валетас ќе го квалификува како „патријарх на македонското писмо“.

Во книгата се опфатени осврти за Конески од автори од Велика Британија, Германија, Франција, Унгарија, Грција, Шпанија, Италија, Турција, Русија, Полска, Чешка, Данска, Романија, Србија, Црна Гора, Словенија…  Изданието го приредија Раде Силјан и Паскал Гилевски, а автор на портретот на Конески е академскиот сликар Павле Кузмановски.

реклама

Автомобилските клучеви имаат опција која ретко кој ја знае

Read more

Бил Клинтон хоспитализиран, сместен е на интензивна нега

Read more

Ќе блесне како нова: Трик како да исчистите када за само неколку минути

Read more

Американците вооружаа робот: Terminator беше предупредување, а не упатство

Read more

Книги

Вистинскиот Хари Потер за 27.500 фунти го продаде првото издание на „Philosopher's Stone“

Read more

Десет романтични класици кои вреди да ги прочитате еднаш во животот

Read more

Како да ја развиете читачката способност кај децата?

Read more

Џ.К. Роулинг ја најави својата нова книга

Read more
 

Магазин

Фолна киселина во бременоста: Колку точно е потребно и дали има несакани ефекти?

Читај повеќе

Ослободете се од висок крвен притисок: Исфрлете ги овие намирници од исхраната

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да слабеете без да броите калории?

Читај повеќе

Октомври е најдобар месец за секс: Кои се причините зошто вам не ви е дојдено до акција?

Читај повеќе

Што се случува во телото кога ќе го замените утринското кафе со зелен чај?

Читај повеќе

Дали сте подготвени за нова врска? Одговорете на овие четири прашања и дознајте

Читај повеќе

Како се менува вагината низ годините?

Читај повеќе
  • filter

Вистинскиот Хари Потер за 27.500 фунти го продаде првото издание на „Philosopher's Stone“

Читај повеќе

Хороскопските знаци зад волан: Бикот вози по свое, Лавот за чудо е дисциплиниран

Читај повеќе