Препорака за читање

Книга: „Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден“

Билјана Стефановска-Богоеска
/ 09.10.2022 / 19:16

Ако сте во потрага по препорака за добра книга која може да ве „разбуди“ од секојдневието, тогаш „Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден“ на авторката Рафаела Жордано е совршена за тоа.

Дејството се одвива околу Камиј, која има чувство како да е заглавена во стапицата на секојдневната рутина на животот. Мисли дека нешто ѝ недостига, иако навидум е во среќен брак, има деветгодишен син и води мирен, семеен живот. Има сигурна и не многу стресна работа, живее во Париз, но сепак не е доволно среќна.

Мисли дека ѝ недостига нешто важно, суштинско, нешто интересно, нешто што не е дел од рутината, а те прави среќен, прави да го сакаш животот.

Таа не е среќна, се чувствува како срцето да не ѝ тука, меланхолична е и хронично мрзелива, опседната со нејзините душевни незадоволства.

По мала незгода со автомобилот, случајно се запознава со Клод, француски рутинолог кој ќе ѝ го промени животот. Очајно му се доверува и тој ѝ дава дијагноза – акутна рутинираност, заболување на душата што погодува сѐ поголем број луѓе во светот. Веројатно се прашувате кои се симптомите.

Опаѓање на мотивираност, хронично нерасположение, губење на смислата на животот, неспособност да се биде среќен и покрај релативното изобилие на материјални добра, чувство на празнотија.

Терапијата на Клод помага Камиј да се прероди, да излезе од зачмаеноста, да собере храброст и смелост да тргне по нејзините желби и соништа. Таа повторно ќе се пронајде себеси, Камиј од детството, од периодот кога животот за неа бил убав. Меѓу неа и Клод ќе се создаде синџир за заемна помош од кој ќе произлезе нова жена, со нови знаења и погледи на животот, со самодоверба и емпатија, ослободена од притисокот на семејството и општеството.

Веројатно сте слушнале за некој да велат дека не е емпатичен, или веројатно сте налетале на луѓе кои бараат емпатија, но самите не знаат да бидат емпатични. Емпатијата е чувство на препознавање или осознавање како е кога ќе се ставите во туѓа ситуација, како тогаш вие ќе се чувствувате на местото на другиот. Кога ќе препознаете дека некому му е потребна поддршка, помош, убав збор, прегратка.

Во виорот на секојдневието, забораваме на чувствата, на нашите соништа, на нашите желби кои се потсвесно скриени зад обврските, работата, семејството. Имаме еден живот, а тоа понекогаш го сфаќаме предоцна. На Камиј ѝ се случува токму тоа, преку мали чекори почнува големи промени за одново да живее.

Книгата зрачи со оптимизам, душевна ретроспектива и заразен шарм поради кој на моменти искрено ќе се смеете со авантурите на Камиј, а на моменти ќе се пронајдете во нејзините духовити монолози.

Напишана е во лесен стил, отвора различни теми и прашања, но тоа го прави на суптилен и ненаметлив начин преку методи во кои и самиот читател наоѓа лични инспирации нешто од прочитаното да примени во своето лично „будење“.

реклама

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Книги

Летен список за читање

Read more

Васил Ханџиски утре ја промовира „Сложувалка“ во „Буква“

Read more

Почина познатиот чешки писател Милан Кундера

Read more

Од печат излезе Варшава го исцртува Скопје од Кинга Нетман-Мултановска

Read more
 

Магазин

  • play_arrow
  • filter

Најубавата собирачка на топчиња која го крсти детето по Рафаел Надал

Читај повеќе

Колку време смеете да го чувате месото во замрзнувач?

Читај повеќе

Луѓето родени во 90-тите имаат полошо ментално здравје од која било друга генерација

Читај повеќе

Зошто родителите сè почесто го бираат шведскиот модел на воспитување деца?

Читај повеќе

Само уште неколку часа ве двојат од луксузно патување во Дубаи, BMW1, iPhone 14 pro, гејминг лаптоп Lenovo

Читај повеќе
  • play_arrow

Доктор предупредува што може да се случи ако спиеме само 5 часа

Читај повеќе

Руски астролог открива кои ќе бидат најнесреќни хороскопски знаци во декември

Читај повеќе

Како да ја спречите болката во ушите кога летате со авион?

Читај повеќе

Што се случува во телото во првите 6 часа по утринското кафе?

Читај повеќе