Книги на двајца затвореници промовирани во штипската библиотека

Штип, 9 Јули 2018 (МИА) - „Саркофаг“ од Исак Хаџи и „Стихови на една Водолија“ од Жарко Миличевиќ се двете нови книги поезија кои денеска беа промовирани во штипската Библиотека „Гоце Делчев“. Авторите стиховите ги напишале додека ја издржуваат својата казна затвор во Казено поправниот дом Затвор-Штип.

Жарко Миличевиќ вели дека во неговата книга можат да се прочитаат личните ставови за животот, раѓањето, смртта, но и  неговите идеи.

- Напишана е во затворската установа во Штип, во рок од два до три месеца, додека доаѓа инспирацијата, така и пишуваме на хартија. Мотивот беше личниот катарзис, преку кој што поминував последните неколку месеци и години. Инспирацијата беше и смртта на мајка ми, грешката во животот, вели Миличевиќ.

Првите стихови ги напишал во шесто одделение, а ова му е прва издадена книга. Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров вели дека идејата да се издадат стихозбирките на осудените лица Исак Хаџи и на Жарко Миличевиќ настанала откако во нивната установа своите дела ги промовирал познатиот писател и драматург Трајче Кацаров, кој им дал и поддршка.

- Наша цел е поттикнување на осудените лица во потешкиот период од животот, односно издржување на казната затвор да ја усмерат својата енергија во позитивен и креативен правец. Целта е ресоцијализација на осудените лица и со тоа да го намалиме повратништвото во затворите, вели Тодоров.

Промотор на двете стихозбирки напишани од осуденици Хаџи и Милчевиќ беше Трајче Кацаров.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе