Книги

Книги што треба да ги прочитате пред да ги погледнете филмските адаптации

18. септември 2018 - 13:17 | Б.С.Б.

Во текот на следните месеци се закажани неколку филмски премиери кои всушност се адаптација на книги. Доколку сакате да ги погледнете филмовите, наша препорака е првин да ги прочитате книгите.

Ова се дел од филмските адаптации закажни за следниот период:

1.„First Man: The life of Neil A. Armstrong – Џејмс Р. Хенсен

Книгата на Хенсен останува единствената авторизирана биографија за првиот човек кој стапнал на Месечината. Главната улога во филмската адаптација ја има Рајан Гослинг, а премиерата е закажана за 12 октомври.

2. „The Adventures of Sherlock Holmes“ – Артур Конан Дојл

Досега се направени многу адаптации на славните книги на Конан Дојл, а филмските студија секогаш наоѓаат инвентивни начини да го портретираат славниот лик на Шерлок Холмс. Следно е комична адаптација со Вил Ферел како Шерлок Холмс и Џон Ц. Рајли како доктро Вотсон. „Holmes and Watson“ премиерно ќе биде прикажан на 9 ноември.

3. „The Girl in the Spider’s Web“ – Давид Лагеркранц

Четвртата книга по ред ќе добие филмска адаптација со ноемвриска премиера. Лизбет Саландер и Микаел Бломквист ќе истражуваат мистериозни активности на шпиони и сајбер криминалци.

4.„The Nightingale“ – Кристин Хана

Уште една адаптација за љубителите на историски драми. Две сестри кои живеат во Франција се наоѓаат среде треморот на Втората светска војна. Книгата е објавена во 2015 година и според книжевниот сајт Goodreads е прогласена за најдобра историска новела на годината.

Премиерата е закажана за јануари, 2019 година.

5. „It“ – Стивен Кинг

Да, филмската адаптација излезе во 2017 година. Но, ако сте го прочитале хорор класикот од 1986 година ќе знаевте дека филмот не ја кажува целата приказна, туку дејството е измешано. Второто продолжение е закажано за септември.

6. „Truly Madly Guilty“ – Лиен Мориарти

Адаптацијата за „Big Little Lies“ беше хит, со номинации и добитници на Златен Глобус и Еми награди. Ако сте обожавател на стилот на Мориарти, тогаш треба да знаете дека следна адаптација е „Truly Madly Guilty“. Филмот сè уште нема закажана премиера.

Коментирај