Книжевен разговор со Храмина, блог за сите љубители на македонскиот јазик

Билјана Стефановска-Богоеска
/ 29.11.2022 / 15:59

Во последните неколку години се чини дека во македонската јавност има зголемена потреба за грижа и нега на македонскиот јазик, но и на македонската книжевност.

Две дипломирани македонистки од Катедрата за македонски јазик, Моника Матовска и Моника Петрушевска, се креаторки на „Храмина“, блог чија содржина активно го привлече нашето внимание уште од самиот почеток.

Во разговор со нив откривме каква е нивната визија за иднината на Храмина, кои новитети ќе ги понудат за љубителите на македонскиот пишан збор, каде се крие нивната инспирација за темите кои ги обработуваат, каква е состојбата со литературната критика во книжевната сцена и многу други работи.

1. Храмина е замислена како засолниште на книжевни критичари, читатели и автори кои благодарение на вас наоѓаат прибежиште во инспиративни рецензии и јазични објави кои можат да послужат и како информативна алатка во нивната работа. Што ви претставува најголем предизвик кога ги одбирате содржините кои ги објавувате на блогот и на социјалните мрежи?

- Храмина на едно место ги собира јазичарите и книжевниците, авторите и читателите, нудејќи им содржина којашто има неколку свои рамништа – пред сѐ, едукативно, потоа информативно, а со новостите (за коишто ќе разговараме подолу во интервјуто) и интерактивно. Штом зборуваме за повеќеслојна содржина, тогаш и предизвиците се расчленуваат: важно ни е да дадеме книжевен осврт доволно вреден за да 1. пробуди нови читателски навики 2. поттикне ново творештво и 3. највисокиот чин – преку зборовите на Храмина читателот прво да ја осознае, а потоа да ја развие сопствената критичка мисла. Според начинот на којшто Храмина им пристапува на книжевните дела, посебен предизвик ни претставува третата точка бидејќи со тоа го разбиваме митот дека книжевниот осврт претставува кратка содржина или дека тој претставува текст во којшто даваш објаснување зошто (не) ти се допаѓа делото. Да напоменеме: книжевниот осврт е многу повеќе од тоа! Јазичните теми носат поинакви предизвици, но акцентот е повторно ставен врз примачот на содржината – да дојде во контакт со одговори и појаснувања на јазични недоумици, да ги восприеми и лесно да ги примени во своето секојдневие.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @hramina.mk

2. Храмина е старословенски збор и значи дом, куќа. На вашата Храмина или куќа од зборови  нудите рецензии на книги, интересни факти за писатели и нивните дела, книжевни препораки, како и објави од информативен карактер, но и многу други работи. Особено акцентот е поставен на современите македонски автори, со тоа што на делата им пристапувате и од уметничка и од јазична гледна точка. На кои македонски автори најмногу им се восхитувате и зошто?

- За да ја разбереме светската литература потребно е да имаме познавање на основните начела на домашната. А, како се стекнуваат тие? Со читање домашна литература. Општо познато е дека за вкусовите не се дискутира, но постојат начини за изострување на чувството за препознавање на вистинската литература бидејќи не е литература сѐ што ни се пласира. Токму со изборот на книги и на автори сакаме да ја предочиме таа разлика и затоа чувствуваме голема одговорност. Несомнено, за нас како македонисти вистинска книжевна школа се делата коишто произлегуваат од авторите втемелувачи и показатели на правецот на движење на современата македонска литература. На Храмина имавме одличен круг на рецензии за дела од Славко Јаневски, Блаже Конески, Владо Малески, Симон Дракул, Димитар Солев, Живко Чинго, Петре М. Андреевски... Да продолжиме со имињата на авторите коишто творат во сегашноста и за кои македонската литература допрва ќе почувствува дека за нејзината современост од огромна вредност е публикувањето на нивните книжевните дела: Венко Андоновски, Румена Бужаровска, Жарко Кујунџиски, Дејан Дуковски, Калина Малеска, Винка Саздова, Оливера Ќорвезироска, Лидија Димковска, Оливера Николова, Влада Урошевиќ...

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @hramina.mk

3. Неодамна посочивме дека објавите на Храмина имаат и цел да ја подигнат свеста за познавањето и за правилната употреба на македонскиот јазик. Социјалните мрежи можат да бидат платформа за знаење и вредности, а темата што тогаш ја опфативме е навистина неисцрпна. Храмина може да послужи и како секојдневен извор на стручни информации, па какво е вашето согледување за третирањето на македонскиот јазик во медиумскиот простор?

- Медиумите се еден многу значаен извор на современиот македонски јазик без разлика дали зборуваме за телевизиски, радиски, печатен или електронски формат. Не сме до крај сигурни дали медиумите се свесни за својата улога, а со тоа и за одговорноста што ја носи таа улога во правилното третирање на македонскиот јазик. Ако се свесни, тогаш знаат дека е потребен напредок. Ако не се, тогаш би можеле да констатираме дека состојбата, за жал, е под задоволителното ниво. За некоја наредна прилика би можеле да ја отвориме темата за детектирање на изворот на проблемот, а во оваа можеме да се задржиме на изнаоѓање барем едно решение со коешто третирањето на македонскиот јазик во медиумскиот простор би одел во нагорна линија. Да започнеме од потребата на лектор во сите медиуми (инаку одамна е најавен законот за овластен лектор во сите државни институции во Македонија којшто сѐ уште не е стапен на сила), а тоа значи дека текстот нема да излезе во јавност сѐ додека не помине низ лекторска рака и не биде одобрен. На искусните јазичари понекогаш им е доволна една реченица за да утврдат дали објавениот текст има добиено „амин“ од лектор.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @hramina.mk

4. Излегоа два новитета на блогот, првиот производ и новата рубрика „Книжевна препорака од...“. Особено пријатен впечаток ми остави вашиот прв производ наменет за чување на книги. Интересно е што станува збор за персонализирана куќа, храмина на која секој може да стави посвета или порака, односно да добие своја храмина од зборови. Од каде ја добивте инспирацијата за овој производ?

- Поминаа безмалку две години откога ја добивме идејата за куќата „Храмина“. При осмислувањето на првиот производ се насочивме кон уникатноста, тоа значи да се создаде продукт во формат којшто досега не бил застапен на нашиот пазар, кон практичноста, тоа значи продуктот да биде корисен, кон естетиката, тоа значи куќата да им даде нова димензија на домашните библиотеки. Следствено на содржината на Храмина, сосема очекувано беше производот да биде поврзан со книги. Сѐ до официјалното пласирање и достапност на производот, куќата претрпе неколку измени со цел крајниот продукт да биде најдобрата верзија на нашата замисла. Дали може да се создаде куќа од зборови? Да. Дали досега некој ја има создадено? Во одговорот на ова прашање ја откривме нашата мисија. Оттука произлезе и инспирацијата. Сега секој од нас може да си има своја куќа од зборови. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @hramina.mk

5. Првиот македонски автор во новата рубрика „Книжевна препорака од...“ е Жарко Кујунџиски. Читателите сега ќе имаат можност да читаат препораки од македонски автори, а со тоа и да бидат еден чекор поблизу до автори кои творат на македонски јазик. Ако го поврземе ова со литературната критика, каква е состојбата со македонската книжевна сцена?

- Веднаш по објавувањето на првиот производ, следеше најавата за новата рубрика. Таа гласеше: „Извонредни автори не се раѓаат, туку се создаваат со постојано читање вредна литература.“ Целта на новата рубрика насловена „Книжевна препорака од...“ е да ги прикаже одблиску македонските автори коишто со своето творештво се носители на современоста на македонската проза и на македонската поезија. Во првото интервју пред една година, кажавме дека почнуваме скромно, но со визија еден ден Храмина да го даде својот удел во поддршка и промоција на книжевните умови коишто ги има Македонија. Оваа рубрика е само мал исчекор во остварување на целта, а со тоа и во придонесување за македонската книжевна сцена. Инаку, кога станува збор за афирмација на литературата нескромно би можеле да заклучиме дека македонските издавачки куќи работат со полна пареа. Промоции на нови наслови од дебитанти и од веќе истакнати автори, големи книжевни имиња како промотори, чести интервјуа и остварување контакти со значајни европски, па и светски книжевници, саеми на книги – сето ова, но и многу повеќе придонесува за македонската книжевна сцена и за културниот живот во Македонија. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @hramina.mk

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Интервју

Дарија Андовска, деканка на ФМУ: Интелектуалецот треба и мора да биде општествено ангажиран

Read more

Монументалната архитектура како уметничка скулптура низ објективот на Ерина Богоева

Read more

Надија Реброња: Во Скопје се шета по ритамот на музиката на уличните музичари, а низ Вардар тече поезија

Read more

Ерина Богоева: Ако се спасиме себе си, тогаш сме на чекор поблиску да го спасиме и светот

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе
  • filter

Се продава легендарното BMW M1, проценето е до 500.000 евра

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе
  • filter

28 март 1939, завршила Шпанската граѓанска војна

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе