Книжевна работилница за „Црне рупе у нама“ на Марта Маркоска

Збирката песни „Црни дупки во нас“ на Марта Маркоска беше објавена во препев на Рајко Лукач на српски јазик, преку издавачката куќа „Граматик“ од Белград.

За книгата „Црне рупе у нама“ утре, 26 декември, 2017 година, ќе се одржи книжевна работилница, во 19:30 часот во „Јавна соба“. На настанот во соработка со Културно-информативниот центар на Србите во Скопје СПОНА, за, препевот, за содржината и за авторката Маркоска, ќе зборуваат Александра Спасеска и Мите Стефоски, под модераторство на Милутин Станчиќ.

Авторката го посветува овој настан на нејзиниот неодамна починат татко, сатиричарот и драматург Иван Карадак.

„Поцинично, поиронично и посаркастично не можеше да биде. Баш како Карадак да го пишувал сценариото за текот на претстојниве настани. Пред само три недели објавив дека сакам да го затворам космичкиот циклус што ги запиша Црните дупки на мапата на моето постоење, кога животот, поигрувајќи се, отвори нова Црна дупка и ме фрли во ново неизвесно патување низ време-просторот. Овој настан го продолжувам во чест на татко ми, Иван Карадак (1946-2017), неговите живот и дело, заради љубовта и грижата што ми ги пружи и заради кого станав личноста која сум сега.

Карадак требаше да биде присутен на претставувањето на ЦРНЕ РУПЕ У НАМА. Знам дека немо ќе нѐ набљудуваш како што тоа го правеше и додека беше жив. Да се напиеме по една во чест на Карадак и да му го осветлиме патот кон новите димензии на постоењето - со песна“, вели Маркоска во најавата за настанот.

На книжевната работилница, присутните ќе може да ја купат книгата „Црне рупе у нама“ по цена од 150 денари, а настанот добива и хуманитарна димензија, со тоа што собраните средства од продажбата на книгата ќе бидат донирани за подарок пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства, преку „Подари радост“.

За авторката:

Марта Маркоска е родена на 29.06.1981 година, во Скопје. Дипломирала на Катедрата за Општа и компаративна книжевност, на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а магистрирала на Интердисциплинираните Културолошки студии во книжевноста, при Институтот за македонска литература во Скопје. Маркоска е член на Друштвото на писателите на Македонија и досега има единаесет (11) авторски објави, меѓу кои „Фил(м)увани приказ(н)и“ (научни студии и есеи за филмот и кинематографијата, 2017), „Култура и меморија“ (културолошки студии, 2014), „Расправа за Зен будизмот (религиско-филозофски трансценденции помеѓу источната и западната мисла“, (научна студија, 2013), „Стрмоглаво кон височините“ (поезија), „Вител во Витлеем“ (раскази, 2010) и други.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе