
Оваа сабота, 18 мај, во 13 часот во дворот на кафе-книжарницата „Илика“ ќе се одржи книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска
Поаѓајќи од темата „Во просторот помеѓу“, низ разговор ќе се истражуваат сродните точки во поезијата на авторките како чувството на разместеност, концептуализирањето на домот и бегството, бунтовната женскост и неприлагоденоста. Разговорот ќе го води Катерина Шекутковска.
По настанот, следува дружба со музика и колачиња, а заинтересираните ќе можат да си ги купат и стихозбирките на двете авторки - „Во хаосот радост” (Калиа Димитрова) и „Номадски затвори”(Ивана Јовановска, ПНВ Публикации), кои беа промовирани минатата година.