РЕАКЦИЈА НА БИЛЈАНА ЦРВЕНКОВСКА, ПИСАТЕЛКА

Книжевни ветерници – или како да опстане издаваштвото без реална финансиска поддршка?

Писателката на литература за деца Билјана Црвенковска преку социјалните мрежи се огласи по објавувањето на резултатите од Годишнитe конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2023 година, што беа соопштени изминатава недела од Министерството за култура.

Фото: Игор Тодоровски

Црвенковска се осврнува на недоволните буџети доделени од Министерството за реалните трошоци во издаваштвото и како оваа и слични проблематики се провејуваат по секој конкурс, независно од политичките струења.

Нејзината реакција ја објавуваме во целост:

Она што ме поттикна да пишувам секако се резултатите од конкурсот на Министерството за култура (во издавачка дејност, не сум компетентна да пишувам за другите), но борбата со ветерниците ја водиме со години наназад, без разлика на министрите, комисиите, владите, буџетите (скратени или зголемени, еднакво распределени или не).... И нема да пишувам за тоа кој не добил и зошто не добил (иако навистина не можам да разберам зошто не добиле автор(к)и како Петар Андоновски, Николина Андова Шопова, Долорес Атанасова Лори, Билјана Стојановска, ниту пак зошто, на пример, фестивал како Букстар (на кој секоја година доаѓаат сериозни меѓународни имиња), добил пет пати помалку од манифестации кои никако не се докажале ниту покажале... ќе пишувам за тоа што нашите институции не го разбираат во врска со издавачкиот сектор, а многу добро го разбираат европските фондови, странските фондови и министерствата/агенциите во регионот (или барем дел од нив).

Луѓето кои не се дел од фелата, ќе речат: „Еј, честитки, сте добиле проекти, браво“; или ќе речат: „Аии, види, добиле 8 проекти, што се жалат па овие“. Но, реалноста е дека доделените средства за тие 8 проекти, особено доколку сите се илустрирани книги со двајца автори – автор и илустратор, и колор печат на квалитетна хартија – се доволни за да се издадат едвај три книги (ако и толку!). За ова опсежно пишував пред две години по резултатите од тогашниот конкурс. Годинава, за жал, тоа важи за сите изданија – оти доделените средства кај сите издавачи се апсолутно недоволни за да се издадат книгите. Ајде да речеме дека комисиите не се доволно упатени во оваа проблематика, дека буџетите се скратени, дека е економска криза и така натака, тоа сето ни е јасно – но секторот не може да опстане без посериозна поддршка, затоа што книгите кои се „вредни“ и не се од оние бестселери кои немаат никаква книжевна вредност – едноставно не се продаваат доволно за да можат да бидат самоодржливи. Потребна е поддршка не само за издавање – улогата на Министерството за култура или на толку потребната Агенција за книга, туку и откуп од страна на библиотеките – кој кај нас практично не постои (со некои чесни исклучоци и минимални буџети).

Во Словенија тоа е решено многу едноставно: издавачите аплицираат со тригодишна програма (и дополнително на друг конкурс со посебни проекти). Секој од нив во апликацијата со програма може да добие 7 книги годишно (21 во тотал во тригодишната програма), а за секоја книга се издвоени по 7-8000 евра, со кои издавачот може да направи квалитетно издание, да ги покрие авторските хонорари и да ја промовира книгата на вистински начин. Дополнително, библиотеките набавуваат големи количини од секоја книга, а секој автор добива „тантиеми“ (одреден процент) од секоја изнајмена книга од библиотеката, како што добива и од продажбата.  

Зошто треба да ја поминуваме истата агонија секоја година и да се соочуваме со истите фрустрации и да ја чукаме главата по секој конкурс. Да, едната фрустрација е за изданијата што не добиле, но според мене, таа е помала. Со неа полесно се помируваат и издавачите и авторите – не сме добиле, океј, одиме понатаму и наоѓаме други начини. Поголема фрустрација е онаа во врска со добиените проекти што не можеме да ги реализираме со едвај 50% или некаде дури и само 30% од потребната сума. И дилемата: дали да се откажеш или следната година пак да тргнеш со копјето накај ветерниците.

И прво ќе си речеш – ова е последен пат. А следната година, пак, како најголема будала, ќе си го земеш копјенцето во рака, ќе си го јавнеш верното коњче (или магаренце) и... така...

реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Read more

Како се снимаше Lord of the Rings

Read more

Култура

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија

Read more

Објавен конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2023 година

Read more

Објавена програмата за 57. МТФ Војдан Чернодрински

Read more

Објавена програмата за 11. Викенд на гордоста Скопје

Read more
 

Вести

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Читај повеќе

ДУИ: И по 5 години Мицкоски не успева да излезе од сенката на Груевски

Читај повеќе

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Читај повеќе

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија

Читај повеќе

Зеленски: Подготвени сме за контраофанзива

Читај повеќе

Вучиќ: Секој ден може да дојде до ескалација, Курти нема да престане

Читај повеќе

Рама: Србите да се вратат во институциите, Косово веднаш да распише нови избори

Читај повеќе

Косовската претседателка откри детали од разговорот со Вучиќ: Негодуваше и се жалеше

Читај повеќе