Ко-режисерката на „Медена земја“ Тамара Котевска потпиша за агенцијата за таленти UTA

Тамара Котевска потпиша договор со агенцијата за таленти United Talent Agency со седиште во Беверли Хилс, Калифорнија.

Котевска заедно со Љубомир Стефанов, го режираше документарецот „Медена земја“ (Honeyland), што беше прогласен за најдобар на филмскиот фестивал Санденс, собра уште бројни други награди ширум светот и уште ја освојува светската критика.

„Медена земја“ во Јута доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography). Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change). Првпат во историјата на реномираната манифестација еден проект беше награден со три признанија.

Документарецот од 26 јули се прикажува во кината во САД, застапуван од американската компанија за производство и дистрибуција на филмови Neon, која ги откупи правата за прикажување во Северна Америка.

Инаку, на „Ротен томејтос“ (Rotten Tomatoes) – водечкиот онлајн агрегатор на филмски и ТВ-критки, кој важи за еден од најрелевантните ресурси за препораки на филмови, „Медена земја“ има 100 отсто позитивни коментари.

Кон крајот на август ќе биде прикажан пред домашната публика, на најголемиот фестивал за документарни филмови кај нас, „Македокс“, по што ќе се најде на редовниот репертоар во скопските кина.

Котевска е во претпродукција со нејзиниот игран филм „Man vs. Flock“. Таа ги режираше и го напиша сценариото за кратките филмови „Paw Law“, „House on a Rocky Road“, „Games“ and „Free Hugs“.

[РЕЦЕНЗИЈА] Quō vādis? - Кон ветената „Медена земја“

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Филм & ТВ

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе