НБА „пензионерот“ има можност да ја освои златната статуетка.
Легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант е номиниран за Оскар. Брајант би можел да го освои Оскарот како коавтор на краткиот анимиран филм „Dear Basketball“, заедно со аниматорот Глен Кин.
„Dear Basketball“ е анимирана верзија на истоимената песна на Коби, со која тој се збогуваше од богатата кошаркарска кариера.
Во анимираниот филм, го слушаме неговиот глас и музика на Џон Вилијамс, додека анимацијата ја потпишува Кин, некогашната ѕвезда на студиото „Дизни“.
Кин нацрта многу сакани хеори како Покахонтас, Малата Сирена, Аладин и други.
Погледнете како тоа изгледа: