Кошарка

Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

26. јануари 2020 - 22:04 | Кајгана / МИА

Лос Анџелес, 26 јануари 2020 (МИА) – Трагична вест го погоди светскиот спорт. Американските медиуми пренесуваат дека кошаркарската легенда Коби Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа во САД.

Информација за несреќата прв ја објави американскиот таблоид TMZ за потоа и Los Angeles Times да излезе со фотографија од местото на несреќата со дополнување дека сите патници и членови на екипажот ги загубиле животите во падот на хеликоптерот.
 
Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс е меѓу загинатите во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија.

Најмалку пет други лица го загубија својот животи во несреќата, а преживеани нема.

Според очевидци, хеликоптерот се запалил откако паднал на земја. Медиумите тврдат дека неговата сопруга и децата не биле со него.

Брајант е едно од најголемите имиња во светската кошарка. Со тимот на Лос Анџелес Лејкерс, каде ја помина целата своја 20-годишна кариера, тој освои 5 титули и учествуваше на 18 „Ол-Стар“ натпревари.

Официјално се откажа од кошарката во 2016 година. Коби беше женет со Ванеса Брајант и заедно имаат четири ќерки, Наталија (17), Џијана (13), Бјанка (2016) и Капри, родена во јули 2019 година. Коби често објавуваше фотографии со ќерките, пред една недела објави фотографија од роденденот на Наталија, од прославата на нејзиниот 17 роденден.

Коментирај